Tesla во 2021 година продал повеќе автомобили одошто произвел!

Во рекордната за компанијата 2021 година, Tesla Motors  продаде повеќе автомобили отколку што произведе, покажуваат податоците на најпознатиот и најголем производител на електрични автомобили, а објавени во првите денови од новата 2022 година…

Во 2021 година, Tesla продаде 936.172 електрични возила, што е речиси двојно повеќе од претходниот рекорд од 2020 година од 499.647 единици.

Во последниот квартал од минатата година на клиентите им биле испорачани 308.600 електрични возила, што е речиси третина од вкупниот број лани.

Како резултат на тоа, компанијата успеа да продаде повеќе автомобили отколку што произведе за една година (930.422 единици).

Компанијата Теslа е основана од американскиот претприемач Илон Маск (Elon Musk) во 2003 година.

Седиштето на овој производител е во американскиот град Пало Алто во Калифорнија.

На почетокот компанијата се специјализираше исклучиво за производство на електрични возила, а подоцна дејноста се прошири и на производство на соларни панели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Fiat 500 electric најпродаван EV автомобил во Европа

Mercedes B Class во 2025 година ќе замине во историја

Новиот Mercedes GLC на најавни слики

Tеsla повлекува 130.000 возила

Toyota годинава очекува пад на оперативниот профит

Признанија на списанието Autocar за Питер Шрејер и Kia EV6

Mercedes на вонреден сервис повикува речиси 300.000 автомобили

Можно враќање на GM во Европа

Цените на бензините повторно растат, дизелот поевтинува