Tesla започна со изградба на фабрика во Шангај

Во понеделникот Tesla започна со експанзија на најголемиот автомобилски пазар на светот, со изградба на погоните на фабриката во Шангај, Кина

Накусо речено станува збор за инвестиција вредна околу две милијарди американски долари.

Илон Маск ( Elon Musk) сопственикот на компанијата Tesla Motors, најави дека производството на Modela 3 во оваа фабрика ќе стартува веќе кон крајот на тековната 2019 година.

Потсетуваме, во јули минатата 2018 година Тesla потпиша спогодба со една агенција на градските власти на Шангај, а конечниот резултат на тоа ќе биде зголемување на производството на 500.000 возила годишно, пренесува агенцијата AP.

Kaко напомена ќе речеме дека, Tesla иама компанија во Шангај што е фокусирана на развој на технологии во Кина, што инаку за нив претставува клучен пазар, a оваа најбројна со жители земја во светот веќе се подготвува да го укине ограничувањето на мнозинска странска сопственост во автомобилскиот сектор.

Во американската компанија исто така се надеваат дека до крајот на тековната 2019 година ќе ја одредат и локацијата на „Гига фабриката“ во Европа, се наведува во соопштението на директорите.

Во истото соопштение се наведува и дека на глобално ниво ќе ги има од 10 до 12 такви гига фабрики.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричниот Audi e-Tron GTR – наследник на супер спортистот R8

Volvo моделите во Европа ќе се предупредуваат едни со други од лизгави патишта и опасности

PSA го префрла производството на Opel Astra од Британија во Германија!

Ford Mustang најпродаван coupe на светот четврта година по ред!

Honda концепт ја најавува електричната иднина во Кина на Шангај 2019

Најавен електричен хипер автомобил Lotus Type 130

Renault со нов дизајнерски центар во Шангај

Детектори што препознаваат дали користите мобилен додека возите!

VW размислува да земе поголем пакет акции од заедничката компанија со ЈАС