Tesla започнува со производство во Кина

Популарниот производител на електрични возила има за цел да произведе најмалку 1.000 Model 3ѕ неделно во новата фабрика, а цифрата треба да биде достигната до крајот на тековната 2019 година…

Фабриката на Tesla во Кина има за цел да го почне производството веќе овој месец, но не е јасно кога ќе ги исполни зацртаните цели за крајот на годината, како резултат на неизвесностите околу нарачките, трудот и добавувачите, велат извори со знаење околу ова прашање.

Кармејкерот на електромобили од САД има за цел да произведе најмалку 1.000 примероци од Model 3s неделно во новата фабрика до крајот на годината, а распоредот за масовно производство на фабриката е клучен за надежите на Tesla да ја достигне вкупната стапка на производство на годишно ниво на 500.000 возила до крајот на оваа 2019-та.

Фабриката од 2 милијарди американски долари е првото место за производство на автомобили на Tesla во странство и доби клучни владини одобренија минатиот месец па по распоред  треба да почне со производство во октомври, велат изворите.

„Наша цел е да почнеме со производство во октомври, но вистинскиот обем на производство зависи од многу фактори, вклучително и нарачки од автомобили што ги добивме, перформанси на ново ангажирани работници, синџирот на снабдување….

Па така не е јасно кога можеме да ја постигнеме целта од 1.000 до 2.000 единици неделно “, велат од компанијата.

Tesla Model 3 (made-in-China?) spotted on new Gigafactory 3 test track

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Mercedes-EQА официјално стапува на сцена во среда

Повторно поскапување на горивата

Citroen e-Berlingo Van

Родено е ново соѕвездие на автомобилското небо – Stellantis

Договорот помеѓу Макпетрол АД Скопје и Северна Македонија се приближува до целосна имплементација

Fiat Panda Cross најдобар crossover во изборот на британскиот магазин 4X4

Возењето на автопат најбрз и најбезбеден начин на патување со автомобил

Škoda и во 2020 продала над милион автомобили

VW отповикува 56.000 Golf 8