Титулата „Меѓународен мотор на годината“повторно за 1.0 EcoBoost на Ford!

Турбо бензинскиот мотор со три цилиндри го задвижува секое четврто возило на Ford продаден во 2018 година, подобрен со иновациска технологија на де активирање на цилиндар, победи во категорија на мотори до 150 KS на 11-от меѓународен избор за најдобар мотор и погонски склоп…

Штедливиот мотор со три цилиндри со до 140 KS е под хаубата на повеќе од 25% од продадените возила на Ford во 2018 година. над 1,6 милиони модели со 1.0-литри EcoBoost мотор се купени од 2012 година. Иновацискиот мотор е клучен елемент во идните електрифицирани погонски системи на Ford, вклучувајќи ги и mild хибридите Fiestа и Focus; plug-in хибридите Transit Custom и Tourneo Custom – патнички.

Моќен, штедлив и сестран мотор од 1.0-литра, EcoBoost на Fod деновиве е прогласен за најдобар меѓународен мотор и погонски склоп за 2019-та во класа мотори до 150 KS – на 11-та додела на IEPOTY наградата, каде, од појавата на пазарот во 2012 година просто речено доминира.

Со максимална сила од 140 KS што Ви нуди незаборавно искуство во возење, овој компактен мотор со мали внатрешни загуби задвижува повеќе од една четвртина од продадените модели на Ford во 2018 и над 410.000 возила – од компактната семејна Fiestа до комби  возилото Transit Connect.

Неодамна Ford го подобри 1,0 EcoBoost бензинскиот мотор што се нуди за Ford Focus и Transit Connect нудејќи уште помала потрошувачка на гориво со технологија што вклучува иновациски систем на де -активирање на цилиндар, прв пат применет кај мотор со три цилиндри.

Значајните подобрувања на главата на моторот, системот за вбризгување на гориво, и системот на контрола на емисијата, исто така, го надополнуваат системот на турбо полнењето на EcoBoost motora, под висок притисок директното вбризгување и варијабилниот развод (отворање на вентили) – Twin Independent Variable CamTiming (Ti-VCT) технологија. Подобрениот мотор ќе биде вграден во дел од моделите што на пазар ќе бидат претставени годинава.

Подобрениот 1,0 EcoBoost продолжува да поставува нови мерила за компактни бензински мотори и по седум години и дури 11 награди по првата победа на „Меѓународната додела на награди за најдобар мотор и погонски склоп“, изјавил Карстен Вебер (Carsten Weber), шеф на истражувањето и напредниот инженеринг на погонските системи, Ford of Europe.

„ Дури и по 1,6 милиони 1,0 EcoBoost мотори што веќе се по сообраќајниците се уште го откриваме нивниот потенцијал. Нови, уште по економични електрични погонски системи со 1,0 EcoBoost мотор како срце на возилот ќе пристигнат набргу на патиштата ”

Жирито што го избира Меѓународно најдобриот мотор и погонски склоп на годината сочинет од 70 судии од 31 земја, mu додели на 1,0 EcoBoost моторот на Ford вкупно 145 бода, доволно за прво место во категоријата на мотори до 150 KS, пред моторот на BMW, PSA Group, Toyota/Lexus и Volkswagen.

По лансирањето на пазарот, 1.0 EcoBoost иницира тренд во индустријата за мали бензински мотори со висок капацитет, три цилиндри и турбо полнач.

„ Од победата во 2012 година, тој одолеа на времето, а повеќето други производители се обидуваат да го стасаат”, рекол Никол Лоу (Nicol Louw), од Car South Africa и член на Жирито за додела на наградата Меѓународно најдобар мотор и погонски склоп на годината.

 

Претходно, годинава, Ford најави дека ценетиот 1,0 EcoBoost мотор ќе понуди основа за снажни и динамични  mild хибридни погодни во новите модели Fiesta EcoBoost хибрид и Focus EcoBoost хибрид – дополнително подобрувајќи ја ефикасноста во потрошувачката на гориво и истовремено дополнувајќи ја забатата во возење.

Во однос на тие софистицирани електрифицирани погонски системи, интегрираниот со ремен задвижуван стартер/генератор (BISG) го заменува стандардниот алтернатор, овозможува поврат и складирање на енергија со полнење на батеријата од 48 волти што обично се губи при кочењето и возењето без оптоварувања.

 

Со ремен задвижуван стартер/генератор (BISG) делува и како погонски мотор, што ја користи складираната енергија за да го зголеми вртежниот момент на погонскиот систем– намалувајќи го количеството на барана работа на бензинецот со што се зголемува заштедата на горивото. Покрај тоа, интегрираниот и со ремен задвижуван стартер/генератор (BISG) помага во постигнување на подобри перформанси, особено при пониски брзини на вртење на моторот, за пофлексибилно и повпечатливо искуство во возењето. За намалувањето на „турбо – дупката“, интегрираниот со ремен задвижуван стартер/генератор (BISG) им овозможи на инженерите на Ford да ја зголемат силата на 1,0 EcoBoost моторот до 155 KS со помош на поголем турбо полнач.

Сестраниот 1,0 EcoBoost мотор исто така ќе го подржи Transit Custom plug-in хибрид, прв во својата класа и Tourneo Custom plug-in хибрид стопанско возило како би овозможил чиста електрична способност на возење без страв во однос на досегот во возењето.

Transit Custom plug-in  хибрид во моментов е предмет на тестирања со зел подобро разбирање на предностите во однос на животната срдина и на купувачите во Лондон, Велика Британија, а се планира понатамошните тестирања, наскоро, да се спроведат и во Валенсија, Шпанија, како и во Келн, Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метанско гориво достапно и на бензинската станица Гевгелија

Volvo Cars не повлекува автомобили од пазарот!

Во план спортски урбан Volkswagen crossover

Volvo ќе ја проширува SUV понудата

Audi A8 уште по напреден со нова иновација- паметно потпирање!

Ford и Ми-Да Гранд Моторс во нов импортерски, продажнен и сервисен центар

Новиот  Citroen C5 Aircross SUV: Веќе  продаден во над 50,000 примероци!

VW со нов мануелен менувач ќе ја намали потрошувачката за 5%

Следно ниво VW и Ford договорија соработка и за автономни и за EV