Tоyota Автоцентар го претстави новиот Aygo X на домашниот пазар

Најмалиот crossover во понудата на автомобилскиот гигант од Јапонија само неколку месеци по глобалната премиера, новитетот Toyota Aygo X беше претставен на домашната јавност во салонот на Тoyota Автоцентар, Скопје, застапникот на возилата на Toyota во Македонија…

Потполно новиот Aygo X е новата визија на Toyota за авантуристички градски автомобил и е наследник на „обичниот“ Aygo кој полека станува историја во успешната приказна на Toyota. Имено новиот Aygo X е радикално изменет во однос на својот „предок“ следејќи го глобалниот тренд на популарност на креации на четири тркала со повисоко седење. Токму така, задржувајќи во својата понуда претставник од А-сегментот, Toyota реши да им понуди на европските купувачи „компактен урбан crossover. Концептот е дизајниран во Франција, а продукциската верзија е развиена во Европа.

И мора да признаеме капа долу – дизајнерите на Toyota завршија одлична работа па дизајнот од дизајнот од концептот е успешно пренесен на продукцискиот модел а конечниот резултат Aygo X има појава што плени со атлетската става веќе на прва средба. Споредено со претходникот (што ја споделуваше платформата со Citroen C1 и Peugeot 108 потполно новиот Aygo X е базиран на сопствената GA-B платформа на Toyota на која исто така се поставени и Yaris и Yaris Cross, со намалени надвиснувања. Тоа тука е преточено во најмалиот модел во гамата  на Toyota во crossover/SUV семејството. За тоа говорат; должина од 370 сантиметри ширина од 174, висина од 152 и  растојание помеѓу оските од 243 сантиметри.

Новата платформа донесе поголем отпечаток, со дури 23,5 сантиметри поголема должина во однос на претходникот, а тоа резултира со поголем простор за задните патници и поголем багажник, чиј капацитет сега изнесува 231 литар (63 литри повеќе одошто кај претходната генерација).

Ставата на crossover е нагласен благодарение на пластичните заштити околу лаците над тркалата, што се совпаѓа со двобојниот третман на мускулестата каросерија. Во атрактивниот современ стил се вклопуваат и светлосните групи – Full LED фаровите и задните светла, а формата на страничните прозорци ја потенцира динамичната нота.

Во однос на оригиналноста Aygo X има уште еден адут во понудата- во бои со име на зачини: Cardamon, Chilli, Ginger и Juniper, сите комбинирани со црна боја на В-столбовите, покривот и задниот дел. Навистина делува свежо, атрактивно, модерно, со еден збор вистински урбан освојувач кој просто ве  мами да влезете во него и појдете во урбана авантура,

Внатрешноста е модерна според желбите на помладата клиентела, при што во фокус е 9-инчниот екран на допир со Toyota Smart Connect информативно забавниот систем, клауд навигација, безжични унапредувања… Тука е и трикракиот управувач со интегрирани копчиња, мал екран на инструменталниот кластер, амбиенталното осветлување и JBL аудио систем со четири звучници. Возачкото седиште е 55 милиметри повисоко во однос на претходниот модел со унапредена прегледност напред благодарение на зголемените агли на А-столбовите. Инженерите на Toytoa исто така ја унапредија и звучната изолација и велат дека е меѓу најдобрите во А-сегментот.

Новиот Aygo X пристигнува со само една опција за погонот и тоа со атмосферскиот 1,0-литарски со три цилиндри бензински мотор што располага со моќност од 72 КС и 93 Nm максимален вртежен момент. Моторот пристигнува во комбинација со петстепен мануелен менувач или S-CVT автоматски систем за трансмисија на силата на предните тркала.

На македонскиот пазар новиот Aygo X ќе се нуди во четири нивоа на опременост – Joy, Play, Pulse и Envy, а почетната цена изнесува 13,490 евра. За детални информации заинтересираните можат да го посетат продажниот салон на Toyota во Скопје или официјалниот сајт www.toyota.com.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Chery TJ-1

Премиера на новите модели на BMW Series 5 и BMW i5

Opel ja претстави новата Corsa

Подновен Mercedes GLS

Geely Boyue Cool

Saleen SA-40 Mustang Speedster Anniversary Special

Hyundai Sonata модел за 2024-та

2024 Range Rover

Кампања за електрификација: „ Pumped with energy (Исполнета со енергија) – Opel Mokka Electric“