Toyota Corolla Cross GR Sport

Toyota во февруари 2019 година објави дека ќе започне со изработка на верзии со зголемени перформанси на сите свои модели.

Понудата од одделот Gazoo Racing е значително збогатена оттогаш, а ново дополнување е Corolla Cross GR Sport. Toyota воспостави три нивоа на GR понуда, а GR Sport е првото и се состои главно од визуелни промени во комбинација со минимални хардверски промени.

Следното ниво е GR за вистински модели со високи перформанси како GR Yaris и GR Supre, а врвната понуда ja сочинуваат GRMN Автомобили. Откако третманот GR Sport беше даден на моделите Fortuner и Hilux, на ред дојде Corolla Cross.

Моделот е претставен во Тајван како и оригиналниот Corolla Cross. Покрај визуелните промени, Toyota направи промени во прилагодувањето на суспензијата и го затегна управувањето за да постигне малку поспортско чувство во овој компактен crossover.

Corolla Cross GR Sport е достапен со атмосферски 1,8-литарски бензински мотор од 140кс и 172Nm, кои се испорачуваат на предните тркала преку CVT менувач. Исто така постои и хибридна верзија која нуди 123КС, исто така со погон на предните тркала и CVT пренос.

Се очекува Toyota да ја понуди оваа верзија GR Sport на други пазари надвор од Тајван. Бензинската варијанта во оваа земја чини околу 31.600 долари, а хибридната 34.100 долари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов Lexus LX

Подновување на Ford Focus!

Нов BMW Series 7 и електричната верзија i7

Ford Tourneo Connect

Подновена Подновена KIA Forte

Најнови слики Škoda Slavia

Zero Motorcycle

Новата ŠKODA KODIAQ SUV ве „плени“ за една минута!

Новиот Audi A4 пристига 2023 ги задржува бензинците и дизелите