Toyota Corolla Cross Hybrid

Врз основа на секогаш популарната Corolla, целосно новата Corolla Cross Hybrid за 2023 година дебитираше во САД за да обезбеди уште повеќе опции за купувачите на глобално популарните SUV изведби…

Corolla Cross Hybrid за 2023 година ќе се произведува во САД во новата фабрика за производство на Mazda Toyota Manufacturing во Хантсвил, Алабама – целосно нова фабрика која ќе има капацитет до 150.000 возила Corolla Cross годишно.

Достапен исклучиво со погон на сите тркала (AWD), Corolla Cross Hybrid го максимизира вродениот потенцијал на платформата со висока јачина TNGA-C, овозможувајќи му на новиот модел да постигне удобно возење и исклучителна просторност.

Со новиот хибриден систем на Toyota од петтата генерација под хаубата, заедно со електронскиот систем за погон на сите тркала, новата Corolla Cross Hybrid нуди зголемена моќност и економичност на горивото. Со 194 коњски сили и време за спинт од од 0 до 60 mph (96 km/h) од 8,0 секунди, Corolla Cross Hybrid е забавен за возење.

Toyota Corolla Cross Hybrid за 2023 година ќе биде достапна со пакети на опрема: S, SE и XSE, како и познатите LE и XLE.

Изведбите S и SE веќе имаат стандардни 17-инчни алуминиумски тркала, 8,0-инчен екран на допир, спортско подесена суспензија, LED светла, како и паметен клуч …

Пакетите SE и XSE вклучуваат и неколку двобојни комбинации на надворешни бои: Sonic Silver / Black, Barcelona Red / Black, Blue Crush Metallic / Black и Acidic Blast / Black.

Пространата внатрешност на Corolla Cross нуди многу од истите пожелни карактеристики како седанот и hatchback „браќата и сестрите“.

Corolla Cross Hybrid се најавува дека е спортска и претставува совршен следен чекор за оваа моделска линија. Од инженерска перспектива, тој нуди прифатлива внатрешност, како и поголема видливост благодарение на ревидираната платформа TNGA-C. За спортските категории, Corolla Cross Hybrid нуди впечатливи детали што го издвојуваат автомобилот од неговиот брат бензинец, како што е уникатниот стил на предниот и на задниот дел. Достапен е со двобојна надворешност и 18-инчни алуминиумски тркала, со спортски изглед кој е предодреден да се истакне.

Стандардно кај сите верзии на Corolla Cross се Toyota Multimedia System, безжичниот Apple CarPlay и Android Auto, како и портите за полнење USB-C за да ги одржуваат сите ваши уреди подготвени за акција.

Покрај заштитата од судир обезбедена од платформата TNGA-C, сите модели на Corolla Cross 2023 стандардно доаѓаат со Toyota Safety Sense 3.0, пакетот на активни безбедносни системи на Тојота, кој вклучува подобрувања овозможени од системските сензори со подобрена способност за откривање.

Подобреното препознавање на напуштање на лента обезбедува предупредување за напуштање лента со помош на системот за управување и следење лента.

Corolla Cross ќе биде опремена и со Dynamic Radar Cruise Control (DRCC).

Road Sign Assist е дизајниран да препознава одредени информации на патокази користејќи ја предната камера и да ги прикажува на мулти информациски дисплеј (MID).

Покрај системот TSS 3.0, други стандардни безбедносни карактеристики вклучуваат Следење на слепа точка (BSM), дизајнирано да помогне во откривање и предупредување возила што се приближуваат или се поставуваат во соседните ленти.

Контролата за помош при поаѓање на нагорнина (HAC) е исто така стандардна.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Polestar O2 во сериска изведба во 2025 година

Светска премиера: Нов CITROËN C4 X и комплетно електричен Ë-C4 X

Електричен Hyundai Ioniq 6 на видео

И официјално Citroen C4 X

Подновена актуелната Toyota RAV 4

Промовиран Volkswagen ID. Aero concept

Премиера: Новата Opel Astra  пристигна во Македонија

Се подготвува новиот Citroen C3 Aircross

Нов сој на Peugeot – Новиот 408