Toyota Corolla – Најпродаван автомобил во првата половина на 2020 година

Додека производот на германската автомобилска индустрија Volkswagen Golf сè уште е неоспорен господар на европскиот пазар, насловот на најбараниот модел на светот – на глобално ниво, во првата половина на 2020 година, го зеде Јапонец…

Претпоставувате, најпродаваниот модел во светот во првите шест месеци од 2020 година е Toyota Corolla.

Во годината што ја завитка во црно автомобилската индустријата, всушност воопшто целата економија, поради запирањето на производството и продажбата заради пандемијата од корона вирусот, јапонскиот производител сепак успеа да задржи добар дел од муштериите што купуваат компактни возила.

Имено, во периодот јануари-јуни, ширум светот се испорачани 502.949 примероци од моделот Corolla, со релативно мал пад на годишната продажба (споредено со некои конкуренти), што изнесува 15,4%.

Според податоците објавени од специјализираниот портал focus2move.com, вториот најбаран автомобил во светот во првата половина на 2020 година бил камионетот Ford F-series (продадени 434.791 возила, пад од 19,3%), додека третиот бил уште еден модел на Toyota, RAV4 (425.800 примероци; -4,4%).

По него следат Honda Civic на четвртото место (305.803; -26,2%) и Chevrolet Silverado петтата позиција (294.263; + 2,3%).

Меѓу првите 10 беа: Honda CR-V (продадени 292.119 возила), RAM камионет (283.672), Toyota Camry (275.360), VW Tiguan (261.874) и VW Golf (215.084), кој сè уште е европски бестселер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првиот човек на Cupra е нов шеф во Seat

В. Британија ќе им каже збогум на возилата со внатрешно согорување

Со изедначување на акцизата на екстра лесното гориво доби и животната средина и граѓаните

Салонот за автомобили во Детроит повторно одложен – за есента 2021

Нови камиони на сребрената ѕвезда  Actros F и Edition2

Уште една потврда дека времето на Автомобилски магазини е минато!

Нов скандал во светот на мобилноста-Nikola обвинет за измама!

ЕУ дополнително ги заостри нормите за CO2 емисиите

Колку чини новата S Class на домицилниот пазар