Тоyotа го лансираше седанот bZ3

Oваа компактна лимузина, што по пространоста го напаѓа и D сегментот, е создаден во соработка со компаниите BYD и FAW, од Кина…

Toyota ја забрзува приказната со промоции на нови модели на батерии, па сега видовме седан базиран на модуларната архитектура на компанијата наречен e-TNGA. Станува збор за вториот модел што е создаден на електрична платформа, додека првиот го доби името Toyota bZ4X.

Така, новитетот ќе се вика Toyota bZ3, а се чини дека Кина ќе биде првиот пазар на кој автомобилскиот „џин“ од Јапонија ќе си ја пробаат среќата со овој седан.

Можеме да им се заблагодариме на Кинезите и нивните регулативи поврзани со сертификацијата на идните модели, каде што беа објавени и овие илустрации, што на сликите можеме да го видиме новиот адут на Тоyota веќе сега, како претпремиера.

Експертите претходно го предвидуваа индексот bZ5, но Јапонците на крајот решија малку да ја смират номенклатурата, па наместо петка имаме тројка во името.

Тоа не значи дека оваа „тројка“ е мала кола. Не, напротив, тој е поголем од Corolla и се протега на 4.725 милиметри (плус 95 mm) во должина, 1.835 mm (плус 55 mm) во ширина и 1.475 mm (плус 40 mm) во висина.

Изненадувањето допрва доаѓа, а веруваме дека вашата реакција ќе биде иста кога ќе слушнете,  дека електричниот автомобил има повеќе милиметри помеѓу предната и задната оска дури и од големиот седан Camry: 2.880 mm наспроти 2.825 mm.

Судејќи според сертификатот, тркалата со дијаметар од 16 или 18 инчи ќе се најдат и во каталозите на Toyota, за оние кои пристапуваат до конфигурацијата на новиот адут на брендот.

Она што е уште поинтересно се однесува на инсталираниот погон.

Седанот „полага право“ на своја платформа, но затоа електро – моторите и влечните (тракциони) батерии (литиум-железо-фосфат) се резултат на работата на проверени експерти од кинеската компанија BYD!

Седанот ќе се потпира на погон на задните тркала и засега се хомологирани две верзии.

Едната нуди 184, додека другиот обезбедува 245 коњски сили.

Капацитетот на батеријата не се открива, но знаеме дека послабиот седан ќе тежи 1.710 килограми, додека помоќниот ќе тежи 1.835 килограми. Максималната брзина на новиот седан ќе биде ограничена на (се уште ) разумни 160 km/h, без разлика на моќноста.

За организација на производството на моделот bZ3 ќе биде задолжен уште еден партнер на Toyota од Народна Република Кина.

Станува збор за концернот FAW, односно заедничко вложување меѓу Тоyota и овој индустриски гигант.

Производните линии треба да „видат“ нов производ co батерии на четири тркала пред крајот на оваа 2022 година.

Се разбира, ако им се верува на прелиминарните информации и на „експертите“ што ја навестуваа оваа јапонско- кинеска лимузина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Купувачите од САД најзадоволни од технолошките новини кај Genesis

Изменето логото на Citroen

Кинескиот BYD размислува за производство на електрични автомобили во Европа

Honda во септември го намали производството за 40%

Фалсификувани автомобилски делови-измама опасна по живот

Цената на бензините оди надолу а на дизелот нагоре!

R5 TURBO 3E ја освои ја освои наградата на публиката на натпреварот „Уметност елеганција 2022 “ во Шантили

Ferrari Purosangue затрупан со идеи

Голем интерес за електричен VW ID. Buzz