Toyota го забрзува развојот на електричната понуда!

Еден од предводниците на електричните погонски системи кај возилата е и Toyota, но кога станува збор за електричните возила со батерии Battery Electric Vehicle (BEV) автомобилскиот џин од Јапонија по малку доцни зад конкуренцијата …

Во Toyota беа премногу внимателни и им препуштија на другите да ја испитаат пробивноста на BEV!.

Сега се чини дека по малку доцнат но затоа имаат намера тоа многу бргу да го надоместат.

Поточно речено, Toyota до 2025 година планира да продаде околу  5,5 милиони електрични возила,но уште поважно од тоа е дека Јапонците, наводно, до втората половина од наредната 2020 година планираат да развијат батерија со крут- ригиден електролит што би требало да се вградува во електричните возила на Toyota што ќе бидат наменети како официјални возила на Летните Олимписки игри Tokio 2020 .

Засега не се знае кога тие батерии ќе се најдат во сериско производство, односно кога истите ќе бидат имплементирани во сериските автомобили на оваа марка.

Интензивираниот план за развој на електрични возила на Toyotа сега подразбира достигнување на погоре наведената бројка  пет години од претходно предвиденото, a причината за забрзување е зголемениот раст на достапноста и на популарноста на BEV на глобално рамниште.

Тоа во никој случај не значи дека се откажуваат од погонот на водород и затоа во  Toyotа се надеваат дека до бројот од 5,5 милиони продадени електрични возила, околу еден милион од истите, ќе бидат со погон на горивни ќелии и водород.

Покрај тоа, Јапонците развиваат и посебна EV платформа која се базира на актуелната TNGA платформа.

Новата платформа ја носи ознаката e-TNGA и ќе биде основа за неколку, главно компактни, но исто така и големи модели на јапонскиот производител на автомобили .

Се планираат crossover, SUV, лимузини о MPV возила со погон на предни, задни и на сите четири тркала.

Повеќето од тие автомобили ќе бидат така наречени  глобални модели, односно ќе се продаваат на пазарите ширум светот , а тоа значи и на европските.

Од Toyota објавија фотографија на тие возила, а ќе ги карактеризира динамичен, модерен и единствен дизајн, со долго растојание помеѓу оските, со куси надвиснувања над тркалата и напред и назад, камери наместо ретровизори ….

За да успеат во тоа што го планираат, односно во брзо проширување на понудата од Компанијата договориле соработка со нови партнери, какви што се производителот на автомобили од Кина BYD, или, пак снабдувачот со батерии за електрични возила CATL .

Исто така,  во Toyota работат и на развој на новата генерација на електрични возила наменети за користење на пешачките површини!.

Имено, станува збор пред се за возила што се наменети за повозрасните лица, односно за инвалидите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камерите во BMW како црни кутии ги чуваат снимките по сообраќајка!

Jaguar I-Pace со поголема автономија!

Аudi Q7 освежување со hybrid погонски системи

Pirelli претстави гума со сензори што се поврзуваат со Интернет

Daimler и со рендгенски зраци ќе ги контролира автомобилите

Mazda RX9 со електрифициран погон

Потенки но не и помалку безбедни ѕидови за компактните модели!

Новиот дигитален кокпит на VW Golf 8

Доаѓа ера на се попаметни дигитални клучеви!