Toyota годинава очекува пад на оперативниот профит

Toyota предупредува на пад од 20 отсто на годишниот оперативен профит, наведувајќи ја двојно повисоката цена на суровините поврзани со пандемијата на корона вирус како и повисоките цени на енергијата…

Пониските од очекуваните прогнози поттикнаа пад на акциите на компанијата за 4,4 отсто, и покрај најголемата оперативна добивка на автомобилскиот гигант досега постигната до крајот на фискалната година (заклучно со 31 март), пишува Financial Times.

Компанијата предвиде дека оперативниот профит во 2021 година ќе изнесува 2,4 трилиони јапонски јени (1 милијарда американски долари), што е под процените направени од аналитичарите кои наведоа бројка од 3,3 трилиони јени (околу 2,5 милијарди долари), според податоците собрани од самата компанија.

Групацијата, која ги вклучува Daihatsu, во сопственост на Тоyotа, и Hino, подружница на производители на моторни возила, се очекува да продаде вкупно 10,7 милиони возила оваа година.

Компаниите во текот на минатата 2021 година продале 10,3 милиони возила.

Извршителите рекоа дека слабеењето на јенот и зголемената продажба на возила веројатно нема да ги балансираат цените на суровините, кои се очекува да достигнат 1,45 трилиони јени – двојно повеќе одошто во минатата 2021 година.

Ваквиот став е големо изненадување за инвеститорите, имајќи предвид дека производителот на автомобили забележа подобри резултати од своите конкуренти за време на пандемијата.

Оперативната добивка на Toyota во четвртиот квартал изнесувала 463 милијарди јени, што пак претставува голем пад од дури 33 отсто на годишно ниво.

Приходите на компанијата од земjата на изгрејсонцето се зголемени за шест отсто на 8,1 трилиони јени.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi вложува уште 300 милиони евра во својата фабрика во Унгарија

Hyundai и KiA во проблеми поради дизелот

До 2030 година во ЕУ ќе има над 60 милиони електрични автомобили

Половина од постојките за полнење на EV во Европа се лоцирани во две земји

Stellantis го запира производството во погоните во Рен поради недостаток на чипови

Tesla ги поскапи автомобилите во САД поради инфлација

Во Шпанија ќе се произведуваат новите генерации на електрични модели на Ford

VW е нова жртва на недостаток на полу проводници во светот на автомобилите

Гига фабриките на Tesla во Тексас и Берлин просто „горат“ милијарди долари !