Toyota GR DKR Hilux T1+ за Дакар Рели 2022

Toyota Gazoo Racing го претстави Toyota GR DKR иlux T1 + сосема нов тркачки автомобил за претстојното најтешко и со најголеми предизвици натпреварување на четири тркла – релито Дакар 2022 година…

Сосема новиот дизајн сега излезе од фазата на прототип, но ќе продолжи да се развива и усовршува во неделите пред релито Дакар, кое започнува на почетокот на јануари следната 2022 година во Саудиска Арабија.

Придвижуван од 3,5-литарски twin-турбо V6 мотор (V35A Production Engine  -производствен мотор) добиен од новиот Toyota Land Cruiser 300 GR Sport, новиот GR DKR Hilux T1 + има поголем вртежен момент при ниски вртежи од неговиот претходник, како и придобивка во однос на тежината на моторот, иако вкупната тежина на автомобилот според прописите е зголемена на 2000 кг. Перформансите на новиот мотор се регулирани со правилата поставени од FIA и како таков нуди моќност од 298 kW (405 КС) и приближно 660 Nm вртежен момент.

Менувачот е шест (6)-брзински секвенцијален на Sadev, со погон на сите тркала со три диференцијали и 215 mm Ceramic Twin Plate куплунгот, пренесуваaт специјализираните ортали. Благодарение на најсовремената производствена верзија на twin турбо моторот Land Cruiser 300 V6, тимот можеше да работи со серискиот мотор. Се користат стандардни турбо полначи на Тојyotа, како и стандарден интеркулер. Ориентацијата на интеркулерот мораше да се измени за тркачки автомобил, но самиот дел останува стандарден, бидејќи е исклучително ефикасен.

Автомобилот има и зголемен oд на системот на суспензија од 280 mm на 350 mm, што му овозможува на возачот максимално да ги искористи новите гуми од 37 инчи (940 mm). Ширината на гумата исто така е зголемена од 245 mm на 320 mm. Гумите се BF Goodrich All-terrain T / A KDR2. Новите 17-инчни алуминиумски тркала Method Race Wheels ќе ги истакнат поголемите гуми на новиот автомобил. Овие тркала беа составен дел од развојот на T1 + и тимот одлучи да ги остави тркалата во нивната природна алуминиумска завршница, бидејќи нуди предност во однос на топлинското зрачење, односно ладењето.

Димензиите на новиот GR DKR Hilux T1 + се следните: должина 4810 mm, ширина 2300 mm, висина 1890 mm и растојание помеѓу оските од 3140 mm. Под каросеријата, Hilux го задржа истиот распоред со централно монтиран мотор кој се користи од Дакар 2016 година. Автомобилот сега носи само две резервни гуми наместо трите што се користеа во минатото, поради промена во прописите за категоријата Т1 +.

Новиот автомобил има најнов надворешен дизајн кога станува збор за боите, што е во склад со оној што се користи во WEC и WRC. Како таква, новата Toyota GR DKR Hilux, која исто така ќе се натпреварува во 2022 FIA World Rally-Raid шампионат, е очигледно дел од линијата на тркачки автомобили на Toyota Gazoo Racing за Светскиот шампионат. Иконскиот натпис GR сега е прифатен од сите три тима на Светскиот шампионат, иако Dakar Hilux е дел од семејството Gazoo Racing долги години. Овој натпис служи и за зајакнување на врската помеѓу тркачките автомобили на Тоyotа и возбудливите друмски автомобили кои го носат истиот натпис.

За Дакар 2022, тимот ќе понуди четири сосема нови GR DKR T1 + верзии на Hilux, со Катарецот Насер Ал-Атијах како возач и Французинот совозач Матје Баумел кои ќе го предводат Toyota Gazoo Racing.

Победниците на релито Дакар 2019 повторно ќе го имаат Жиниел де Вилиер (победник на Дакар 2009) за тимски колега, а Јужноафриканецот ќе биде во партнерство со совозачот Денис Марфи за изданието на трката во претстојната  2022 година. Јужноафриканците Хенк Латеган и Брет Камингс ќе се вратат на релито Дакар, со цел да ја покажат својата брзина по откажувањето во текот на 5-тата фаза од релито Дакар 2021 година. Последниот болид во составот ќе го возат Шамер Варијава и совозачот Дани Стасен, од Јужна Африка.

 

Тимот ќе спроведе последен тест во Јужна Африка додека ги подготвува автомобилите за транспорт во Саудиска Арабија на почетокот на наредниот месец декември. Конечната рута за Дакар во 2022 година допрва треба да биде објавена, но се очекува теренот да биде сличен на оној од 2020 и 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alpine A110GT Coupe –побрз посилен, попривлечен и поскап!

BMW XM Concept

Новиот KIA Niro на први фотографии

Најавен Polestar 5

„Дизајнирана во Германија“: Новата Opel Astra разгорува емoции

И официјално новиот Ford Ranger

И официјално претставен новиот Suzuki S-Cross

Изострен дизајн и иновативни технологии за знаменосецот на Audi: Врвниот A8

Видео најава за редизајнираната ŠKODA KAROQ…