Toyota GR Supra GT4 EVO

Toyota Gazoo Racing подготви изменето издание на тркачката Supra GT4 што се појави во 2019 година и што ќе им понуди дополнителна забава и уживање во возењето на своите сопственици…

Од претставувањето на оригиналниот модел Toyota Supra GT4 во јули 2019 година, продадени се нешто повеќе од 50 примероци, постигнувајќи над 100 подиуми и 50 победи во класата на националните и меѓународните шампионати GT4.

 

Користејќи ги повратните информации од клиентите и возачите, инженерите на спортската дивизија на Јапонците Toyota Gazoo Racing го продолжија развојот на GR Supre GT4.

Подобрувањата на GR Supra GT4 EVO првенствено се однесуваат на сопирачките, управувањето и моторот.

Системот за сопирање има нов дизајн и различни поставки за ABS. Суспензијата ги доби најновите KW прилагодливи тркачки амортизери и подобрено управување при поголеми брзини.

Од Toyota Gazoo Racing велат дека автомобилот сега е „полесен за возење за амбициозните возачи аматери, а истовремено обезбедува прецизни перформанси што ги бараат професионалните тркачи“.

Исто така, 3.0-литарскиот турбо-мотор со шест цилиндри нуди зголемена моќност и оптимизирана крива на вртежен момент, додека користи поефикасен систем за ладење.

Сепак, компанијата не објави конкретни бројки за моќноста, која варира во зависност од конфигурацијата, но вртежниот момент оди до 660 Nm. Моторот користи Marelli ECU, а има и издувен систем Akrapovič.

Како и досега, моќта се пренесува на задната оска преку модифициран автоматски менувач ZF потпомогнат од диференцијал со ограничено лизгање на Drexler.

Toyota Gazoo Racing веќе прима нарачки за GR Supra GT4 EVO, по цена од 186.000 евра.

Постојните сопственици на GR Supre GT4 исто така ќе можат да ги менуваат своите тркачки автомобили според спецификацијата EVO.

Автомобилот ќе го има своето тркачко деби на 24 часа Дејтона во јануари претстојната 2023 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Morgan 4/4 најдолготрајниот автомобилски модел

Genesis X Gran Berlinetta Vision Gran Turismo Concept

Дуа Липа и Porsche ги здружија силите

Alfa Romeo Tonale за италијанската полиција

Hyundai IONIQ 5 N го прогласи автомобилот на годината во изборот на TopGear

McLaren GT од MSO

Hennessey H850 Mustang

Ferrari Purosangue во размер 1:8 чини 15.000 евра

Уникатниот Koenigsegg CCGT GT1 Le Mans е продаден за 3,3 милиони фунти