Toyota GR86 10th Anniversary Limited

Toyota најави ново специјално издание на моделот GR 86, по повод 10-годишнината од првиот „86“ и на тој начин им се заблагодари на многубројните фанови на тие спортски автомобили развиени во соработка со Subaru…

Најавена е ограничена продажба на GR 86 10th Anniversary Limited, со цена од 3.469.000 ¥ (24.945 евра) за 6-брзинската рачна верзија (како опција е достапна и малку поскапа 6-брзинска верзија AT).

Треба да се напомене дека нарачките во предпродажба се прифаќаат за ограничен период од 24 јули до 30 септември.

Автомобилот доаѓа во „Flame Orange“ боја, со црни алуминиумски тркала, црна саќе решетка, специјална ознака, црни спортски седишта, кожен волан, портокалови контрастни шевови и специјални патосници.

Исто така, во оваа прилика Subaru подготви и славеничко издание на моделот BRZ S 10th Anniversary, кој ќе биде произведен во 200 примероци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley Dezervator со лифт го искачувате автомобилот на кат во гаражата до станот

Porsche Vision Gran Turismo Spyder

Која автомобил најчесто се појавува во филмовите

Hennessey Venom F5 Roadster

Lucid Air Sapphire

Електричниот Zeekr 001постави нов рекорд во дрифт за EV

Aston Martin V12 Vantage Roadster

Британец бил сопственик на дури 55 автомобили на FIAT

Czinger 21C V Max