Toyota Highlander за прв ќе се продава и на Стариот континент

Од Toyota неодамна го претставија новиот Highlander во Западна Европа, со што големиот SUV на Јапонците за прв пат се наоѓа во понудата на европскиот пазар…

Новиот Toyota Highlander, во понудата на производителот на автомобили од земјата на изгрејсонцето ќе биде поставен над RAV4 и за прв пат пристигнува на пазарот во Западна Европа.

Редизајниран целосно за 2020 моделска година во САД, Highlander ќе се продава и во Европа бидејќи Toyota сака да ја искористи глобалната популарност на SUV моделите.

Новиот Highlander ќе пристигне ексклузивно како хибриден модел исклучиво со четвртата генерација на само – полнечки хибриден погон на компанијата, кој ги комбинира 2,5-литарскиот бензински мотор со преден и заден електромотор и никел-метална хибридна батерија поставена под вториот ред седишта.

Овој SUV е поставен на TNGA-K платформата, а опремен е и со интелигентен погон на сите четири тркала (AWD-i).

Новиот хибриден Highlander наменет за Европа е 4.966 мм долг, 1.930 мм широк, 1.755 мм висок додека пак растојанието помеѓу оските се протега на  2.850 мм.

Комбинираната моќност на хибридниот погон во Toyota Highlander 2021 изнесува 248 КС. Таквата единица овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за  8,3 секунди, додека максималната брзина изнесува 180 км/ч.

Од Toyota истакнуваат дека нивниот нов SUV исто така е способен да се движи со брзина до 125 км/ч во електричен режим.

Новиот Highlander се карактеризира со менувач со синхронизација за возачки режими : Eco, Normal, Sport и Trail .

Сите четири режими можат да се селектираат дури и кога возилото работи во електричниот режим.

Toyota исто така го унапреди и CVT менувачот, истакнувајќи дека новиот брзински сразмер е оптимизиран за максимална ефикасност на горивото, а благодарение на тоа, нуди и намалена бучава, со што моторот е потивок од било кога.

Сите нивоа на опременост за европскиот Highlander вклучуваат Smart Entry, LED фарови, клима-уред со три зони на регулирање, греење на седиштата и безжично полнење за телефони.

Основната варијанта на SUV моделот на Toyota со три реда седишта исто така се карактеризира и со седум-инчен дигитален екран во инструменталниот кластер, осум-инчен информативно – забавен систем и Toyota Safety Sense пакетот со системи за безбедност и асистенција на возачот.

Меѓу опциите се наоѓаат панорамски сончев покрив, поголем 12,3-инчен информативно забавен систем со сателитска навигација и премиум аудио систем со 11 звучници од JBL.

Продажбата на Toyota Highlander Hybrid 2021 на пазарите ширум Европа ќе започне наскоро, а почетната цена за пазарот во Германија изнесува 53.250 евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сериската изведба на Jeep Grand Wagoneer најавена за 11 март

Претставување Porsche Taycan Cross Turismo

Јапонците со нова генерација на својот Лилипитанец – Aygo

Електричен Volvo C40 Recharge

Hyundai Bayon и официјално промовиран

Нов Lexus NX

Land Rover Defender V8

Први фотки на маскиран прототип на новата Škoda Fabia со многу податоци!

Рестилизиран Tipo седан и потполно новиот Tipo Cross во салонот на Fiat