Toyota Hilux GR Sport за европскиот пазар

Во октомври минатата година Toyota подготви GR Sport издание на својот pick-up модел  Hilux за јапонските клиенти, а сега им понуди сличен модел на Европејците…

Hilux GR Sport доаѓа со префинет изглед во однос на обичниот модел, со помош на проширени калници, црни ретровизори, нови прагови, црна саќеста маска со голем натпис „TOYOTA“,  потоа со LED светла, 17-инчни алуминиумски тркала во две бои,  пнуени со гуми за сите терени, црн заден браник …

Има и ревидирана суспензија и систем за управување, делумно обложено со кожа седишта со црвени контрастни шевови и GR лого на потпирачите за глава, на патосниците и на воланот, како и  алуминиумски педали зањсоно со делови во имитација на јаглеродни влакна на предната плоча.

Под хаубата се наоѓа 2,8-литарски турбо-дизел мотор со моќност од 150 kW / 204 КС и 500 Nm, во комбинација со шест-брзински автоматски менувач и погон 4×4.

Toyota Hilux GR Sport на лето официјално пристигнува во Европа, но не се знае по која цена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Subaru STI E-RA Concept, Solterra STI Concept, WRX STI Concept и Levorg STI Performance Concept

Нова Honda HR-V за САД

Новиот Peugeot 4008 доаѓа 2023 и во електрифицирано издание

Јeep Renegade 2022

Dacia Bigster пристигнува годинава

Haval KuGou

Нов Citroën C5 Aurcross SUV: Апсолутен комфор во понаметлив и попрестижен дизајн

Промоцијата на Volkswagen ID.Buzz најавена за 9 март

Hybrid BMW Series 7 со 560 КС