Автомобилската индустрија моментално минува низ најголемата транзиција откако моторите со внатрешно согорување ги заменија моторите што работеле на пареа, наметнувајќи се поради подобрата термичка ефикасност, додека сега причината е еколошката прифатливост…
Времето ќе покаже дали ќе се префрлиме на потполно електрични возила што работат на батерии или пак, ќе надвладеат оние што користат водородни горивни ќелии. Сепак, се чини дека многу производители на автомобили сè уште не се подготвени да се разделат со моторите со внатрешно согорување, па затоа ќе инвестираат во алтернативни, поеколошки возила.
На соодветните компании ќе им се придружат Toyota, Subaru, Suzuki и Daihatsu, заедно со ENEOS Corporation и Toyota Tsusho Corporation, кои формираа ново истражувачко здружение на 1 јули оваа година.
Оваа организација ќе се фокусира на оптимизирање на процесот на производство на гориво, правејќи го помалку загадувачки и поефикасен. Заедничкиот проект се нарекува Истражувачка асоцијација за иновации во биомаса за следната генерација на автомобилски горива (Research Association of Biomass Innovation for Next Generation Automobile Fuels).
Во официјалниот прес-материјал дистрибуиран од вклучените компании се објаснува дека здружението ќе работи на промовирање на технолошките истражувања во областа на биомасата.
Исто така, проектот ќе ги проучува ефикасните начини за производство на биоетанол преку циркулација на водород, кислород и јаглерод диоксид. Здружението ќе дизајнира, инсталира и работи погони за производство на биоетанол.
Ќе се истражува и јаглерод диоксидот генериран при производство на биоетанол.
Последно, но не и најмалку важно, ќе се развие систем кој сугерира оптимални методи на одгледување за да се максимизира приносот и да се оптимизираат компонентите на културата за да се обезбедат суровини за производство на гориво од биоетанол.
Неодамна, Porsche инвестираше 75 милиони долари во HIF Global LLC, компанија со седиште во Сантијаго де Чиле која развива капацитети за производство на синтетичко гориво.
Производителот на супер спортски автомобили од Цуфенхаузен засега има намера да користи „зелени“ горива за потребите на активностите во авто-мото – спортот, но исто така планира и да експериментира и на полето на сериски автомобили.
Покрај тоа и од Lamborghini исто така гледа потенцијал во синтетичките горива за одржување во живот на моторите со внатрешно согорување и по 2030 година.