Toyota ја претстави унапредената GR Supra за 2021 со 387 КС

Aвтомобилскиот гигант од Јапонија – Toyota ја претстави GR Supra верзијата со 3,0-литарски мотор, со шест цилиндри, што наместо  340 испорачува впечтиливи 387 КС…

Ако се изземе Supra GT4 која е направена само за тркачките патеки, најсилната Supra од петтата генерација што може да се вози на отворен пат доби 3,0-литарски бензинец со шест цилиндри со поголеме моќ ( наместо ако досега 340 КС, испораува 387 КС и 500 Nm максимален вртежен момент).

Паралелно со претставувањето на оваа „топ“ верзија, Toyota ја претстави и поевтината GR Supra со 2,0-литарски и четири цилиндри турбобензинец со 258 КС.

Во Gazoo Racing, спортскиот одел на Toyotа, покрај интервенцијата врз biturbo моторот на BMW, чии потенцијал на задната оска и понатаму се пренесува со ZF осум степениот автоматски менувач, се погрижија и околу адаптивниот систем на потпирање и управувачкиот систем.

 

Помоќната варијанта на Supra од 0 до 100 km/h забрзува за впечтливи 4,1 секунди и сосема сигурно може да постигне значително повеќе од електронски ограничените 250 km/h.

Без оглед на изборот на мотор и пакетот на опрема, потенцијалните купувачи на GR Super, која ќе се најде во продажба од јуни, ќе можат да сметаат на 8,8-инчен екран од инфозабавниот систем.

Покрај тоа, во Toyota подготвија и уште неколку уште побогати опциони пакети со кои пристигнува и врвниот аудио систем со 12 звучници и неколку безбедносни и системи за асистенција на возачите.

Ексклузивитетот му припаѓа на бројно ограничениот модел GR Supra A91 Edition кој ќе биде понуден само во 1.000 примероци.

Автомобилот ќе биде достапен во две бои, Nocturnal Black или Refraction Blue, а последната ќе биде ексклузивна за овој модел.

Кога станува збор за екстериерот, GR Supra A91 Edition ќе добие карбонски детали, како што се куќиштата за ретровизорите и задниот спојлер.

Испораките на 2021 GR Supra започнуваат во јуни, а Toyota се уште не ги открива цените за ниту еден од своите атрактивни „спортисти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Долга традиција на електрични автомобили на Opel

Alfa Romeo GT Junior на струја и со повеќе од  500 КС

Audi го заштити името R8 Green Hell и ја потврди екстремната изведба

Fiat 500e Abarth- Спортската икона доби погон на струја

Специјално изработена Range Rover SVAutobiography за боксерскиот шампион

Биогоривата загадуваат за 60 проценти помалку од фосилните горива

Серискиот Cybertruck ќе дојде со многу подобрувања

Porsche чекор понапред во персонализација, ваш отпечаток од прст на хауба

Пристигна потполно електричниот Renault Twingo Z.E.