Toyota ќе го зголеми својот удел во Subaru

Јапонската компанија Toyota ќе го зголеми уделот во корпорацијата Subaru на 20 проценти…

Сегашниот удел на Toyota во Subaru изнесува 17 проценти. Оваа изјава е објавена денес од двата јапонски производители на автомобили.

„Нашите компании сакаат да ги здружат силите за да истражат начини да ги прилагодат автомобилите за ерата на CASE (Connected – Autonomous – Shared – Electric)“, рече претседателот на Toyota, Акин Тојода, пренесува Reuters.

Инвестицијата на Toyota ќе достигне до 80 милијарди јени (650 милиони американски долари) врз основа на пазарната вредност на Subaru, додека Subaru ќе стекне помалку од 1,0 процент од Toyota со иста вредност.

Најновата инвестиција доаѓа само еден месец откако Toyota и Suzuki ги здружија силите.

Овој договор вклучува развој на неколку нови модели, вклучително и електрични автомобили.

Официјално двете јапонски автомобилски компании потврдија дека заедно ќе ги развијат следните генерации на своите модели GT86 (Toyota) и BRZ (Subaru). Воведувањето на нови модели се очекува во првите години од следната деценија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија – Преполни плацови со нови возила купувачите претпазливи

На глобално ниво Renault отпушта 15.000 работници!

Пазарот во Германија полека заздравува

Пресврт: РКЕ со одлука за поевтинување на горивата од полноќ!

Продолжува окрупнувањето во авто- индустријата: Алијанската меѓу Ford и Volkswagen се официјализира

Datsun redi-GO facelift

Најавена новата Nissan Frontier

Еуроимпекс во партнерство со меѓународниот проект во рамките на програмата  „Еразмус +“

Извозната агенција на Италија одобри заем за Fiat Chrysler