Toyota ќе ја забрза електрификацијата

Новиот шеф на Toyota, Који Сато, најавува дека ќе го забрза чекорот кон електрификација во Toyota, фокусирајќи се на новите електрични модели на нивната премиум марка Lexus…

Тоyotа е на удар на критики поради тоа што доцни со понудата на електрични автомобили и фокусирањето на испораката на хибриди. Мора да се признае, Toyota веќе ја претстави својата стратегија за електрични автомобили со откривање на 15 нови електрични модели од Toyota и Lexus пред повеќе од една година.

Досега ги видовме моделите Toyota bZ4X и Lexus RZ.

Додека Коџи Сато (Koji Sato) се подготвува да го преземе лидерското месот од Акио Тојода (Akio Toyoda), тој јасно стави до знаење дека додека Toyota ќе произведува автомобили со мотори со внатрешно согорување и хибридни возила во иднина, тој сака да ја забрза транзицијата кон електрични возила со фокусирање на електричните модели на Lexus.

Lexus се продава првенствено во земји каде што не само што има воспоставена и растечка мрежа за полнење ЕV, туку и стимулации за такви возила и што е најважно, доволно богатство за да се живее со високата цена на ЕV.

Коџи Сато додава: „Со цел да испорачаме атрактивни електрични возила на повеќе клиенти, треба да ја поедноставиме структурата на автомобилот, а со размислувањето за ЕV, треба драстично да го промениме начинот на кој работиме, од производство до продажба и сервис. Lexus ќе ја води оваа трансформација“.

Следната генерација на електрични автомобили ќе доаѓа со наменска платформа и нова технологија за батерии, а Lexus ќе ја лансира во 2026 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Aналитичарите гледааат значаен потенцијал во акциите на Ferrari

FIAT водечка автомобилска марка во групацијата Stellantis

На автопатиштата во Јапонија ќе има лента за автономни возила

Јужна Кореја co финансиска помош за производители на батерии

Новиот Fiat Punto ривал на Dacia Sandero

Haval Ruge и Haval Ruge Max

Toyota Motor Manufacturing Turkey

Големата понуда на автомобили може да поттикне „војна на цените“

KIA малите електрични автомобили ќе ги прави во Европа