Toyota Land Cruiser eден од „најдолговечните“ модели на пазарор распродаден за две години однапред

И додека листите на чекање за нови автомобили се префрлија на шест или повеќе месеци, оваа класика се чека две и пол години…

Land Cruiser на Toyota е исклучително баран производ кој се чека со години, дури и кога е во прашање оваа постара генерација, која сè уште е едно од најпопуларните, но и најсигурни – најдоверливи работни возила. Така е, Land Cruiser Series 70 е на пазарот од 1984 година.

Многумина од нашите читатели тогаш не биле ни родени, а многумина тоа време го паметат по Вучко маскотата симболот на Олимпијадата во Сарајево (поранешна СФР Југославија)…

И додека се тоа е минато, оваа Toyota буквално ја надживеа секоја конкуренција. И притоа не опстојува, туку е многу барана роба. Тоyotа е толку барана што клиентите ќе мора да чекаат повеќе од две години за испорака, токму кога моделот ќе наполни 40 години.

Единствената надеж е дека Toyota ќе го забрза производството, што ќе биде тешко со оглед на моменталната ситуација. Да речеме дека оваа неуништлива Тоyotа е придвижувана од 4,5-литарски V8 дизел, а во Австралија започнува со цена од околу 100.000 долари или 67.000 евра.

Не е мала, но е помала од новиот Land Cruiser, кој носи многу помодерна технологија и барем зa 50 % повисока цената.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По речиси две децении Audi нема да ги спонзорира „кралевите“ од Мадрид ги „истурка“ BMW

Новиот Cadillac Celestiq ќе биде поскап за 30% од Bentley Flying Spur

Тркачки Porsche

Најчувствителен лак имаат автомобилите со црвена боја

Електричниот Mercedes Vision EQXX со едно полнење поминал 1.202 km!

Во Volkswagen сметаат на „ќумур“ за да го заштитат производството

Почна склопување на поедноставни Lada Niva Legend и Lada Niva Travel

Tesla заборавен на постојката за полнење EV – сопственикот заминал на одмор!

VW Air дебитира утре- 27 јуни