Toyota Mirai модел за 2021 година

Втората генерација на јапонскиот автомобил на горивни ќелии и водород  најавува нови исчекори со поголема ефикасност и рдиус на возење …

Првиот оперативен автомобил со погон на горивни хидроген ќелии Toyota Mirai, со својата прва генерација од 2014 година го „испита“ пазарот и потенцијалот на таков вид на автомобил.

Сега автомобилот конечно добива и верзија за масовно производство  што свое официјално претставување имаше на неодамна завршениот салон за автомобили во Токио.

Вистинска лимузина од висока класа, се протега во должина од речиси пет метри (497 cm), а растојанието помеѓу осите е растегнато на речиси три мети (292 cm) додека димензиите во широчина изнесуваат 189 cm.

Доаѓа со оптимизиран погонски систем и резервоар за водород под висок притисок.

Имено, првата Mirai имала автономија на возење со едно полнење на резервоарот од 500 km, што сега е зголемен на сосема ОК –повеќе од 650 km.

Како и моделит Prius и C-HR, и новата Toyota Mirai ќе се базира врз новата  Toyota New Global Architecture (TNGA), со што се зголмува ригидноста (цврстината), a се намалува масата на возилот и воедно седобива пониско тежиште на возилот.

Исто така е интресно и да се спомне дека ќе има погон преку тркалата на задната оска, што навестува забава и динамика во возењето.

Повеќе имформции следуваат за шест недели кога на салонот за автомобили во Женева ќе има европска премиера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две нови тизер видеа за Maserati Ghibli hybrid

И официјално BMW iX3 – првиот електричен SUV на Баварците

Легендата повторно јава во изведби Ford Bronco и Ford Bronco Sport

Jeep Wrangler добива нов титански бензинец од 6,4 литри!

Најавен Aznom Palladium- Шест метри долг луксузен седан за сите терени!

Шпионски фотки на Nissan Frontier pickup од втора генерација

Peugeot 108 доби освежување и нови бои

Volkswagen Golf 8 Alltrack -2021: crossover изведен од караванот – Variant

Нови дополнителни информации за Toyota Corolla Cross