Toyota Mirai со едно полнење минала 1.359 km и постави нов светски рекорд

Од Toyota соопштија дека нивниот модел Mirai, со погон на водородни горивни ќелии, поминал 1.359 километри со едно полнење на резервоарот со водорфод…

Со тоа постави нов светски рекорд за возила со таков погон, што беше потврдено од Гинисовата книга на рекорди (Guinness book of records).

Рекордот беше поставен во САД, со две лица во возилото; возачот Вејн Гердес (Wayne Gerdes)  и совозачот Боб Вингер (Bob Winger), по дводневно внимателно возење.

Покрај помодерен изглед, новиот Mirai ја има и платформата Toyota New Global Architecture (TNGA), како и погон на задните тркала, по-пространа внатрешност за пет патници, подолга автономија и поголема моќност.

Во однос на димензиите: Mirai е долг 4975 мм, широк 1885 мм, висок 1470 мм и има растојание помеѓу оските од 2920 мм.

Тоа значи дека новиот модел е подолг, поширок и малку понизок од неговиот претходник.

Во оваа конотација може да се наведе и податокот дека тркалата се со големина од 20 инчи.

Внатре, имаме црна кожа, дигитални инструменти, екран на допир со големина од 12,3 инчи во дијагонала, предни седишта со греење и ладење, аудио систем со 14 звучници …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toyota Land Cruiser LEGO во сооднос 1:1

Techart Porsche 911 Police

Електрична Lancia Delta Integrale настапува воWorld RX шампионатот

Hennessey го испорача првиот Venom F5  и тврди дека може да јури со 500 км/ч

BMW М GmbH во чест на јубилејот се враќа на стариот беџ

Porsche планира голем crossover со три реда седишта

Електричен Калашников UV 4

Lancia Aurelia Outlaw European CSL

Alpha Saga