Toyota Mirai со едно полнење со водород помина 1003 км!

Новата Toyota Mirai го зголеми поминато растојание со едно полнење на водород и постави светски рекорд со над 1000 км…

Поминаа околу 1.003 километри со нулта емисија на штетни гасови на јавните патишта, јужно од Париз и во областите Лоар-ер-Шер и Индре-ет-Лоара, а постигнатата далечина и потрошувачка беа потврдени од независно тело.

Патувањето започна во среда, 26 мај во 5:43 часот наутро од хидрогенската станица HYSETCO во Орли и заврши откако Toyota Mirai направи 1003 километри со едно полнење. За време на рекордниот обид се користеше зелен водород, а просечната потрошувачка на гориво беше 0,55 кг / 100 км. Toyota Mirai можеше да прими 5,6 кг водород.

Новиот Mirai е втора генерација на електрично возило со горивни ќелии на Toyota. Нуди повеќе перформанси, елегантен и подинамичен дизајн и нова динамика на возење во споредба со производот од првата генерација. Покрај тоа, зголемената ефикасност на системот за горивни ќелии, заедно со поголемиот капацитет за складирање на водород и подобрата аеродинамика, придонесуваат за зголемување на опсегот на возење на околу 650 км под нормални услови на возење.  Сето тоа го добивате за помалку од 5 минути, колку што трае  полнењето на водородот под притисок од  700 бар,

За да се постигне овој рекорд од 1003 км, возачите го прифатија стилот на „еко возење“, но не и некои посебни техники што секојдневните возачи не можеа да ги користат. Значи, возењето беше направено во најнормални услови.

Патем, овој рекорд Toyota Mirai  го поставија четворица возачи. Еден од нив е Викториен Ерусард ( Victorien Erussard, ), основач на Energy Observer . Тоа е компанија и партнер на ТToyota, чиј прв брод е опремен со горивни ќелии на Тoyota, е енергетски независен, нема емисии и служи како алатка за комуникација и како лабораторија за истражување кон енергетската транзиција.

Останатите возачи беа Џејмс Олден ( James Olden ), инженер во Тoyota Motors Европа, Максим ле Хир ( Maxime le Hir ), менаџер на производи Mirai и Marie Gadd, специјалист за односи со јавноста на Toyota Франција.

 

Постигнати бројки:

Поминато растојание со едно полнење на водород: 1003 км

Просечна потрошувачка на водород: 0,55 кг / 100 км

Останат  досег  (како што е прикажано од информативниот систем во возилото): за уште 9 км,

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иновативни метлички со две острици

Германците вградуваат клима уреди и во автопат

Lamborghini со нов V12 со хибридна помош

Електричен AC Cobra Series1

Повеќе од две и пол децении ESP спасува животи на патот

Beach Bot автономен робот „чешла“ плажи собира остатоци од цигари, ѓубре…

Шатл без возач, тестира гуми без воздух!

Во Русија направен најголемиот мобилен полнач за EV во светот!

Hyundai ќе понуди Ioniq 5 N перформанс изведба