Toyota најавува специјална фабрика за батерии за електрични модели на Lexus

Јапонскиот производител има амбициозни планови во продажбата на електрични автомобили до крајот на оваа деценија, иако фокусот и понатаму останува на хибридите…

Во овој план тие се свртуваат кон нивниот луксузен подбренд, бидејќи најавија дека ќе изградат специјална фабрика за батерии за електричните модели на Lexus.

Иако се фокусира на хибриди, Тоyotа планира да изгради фабрика за батерии за електрични возила во регионот Фукуока во југозападна Јапонија. Во исто време, компанијата сака да ги снабдува овие батерии во фабрика која произведува луксузни автомобили Lexus, пренесуваат светските информативни агенции.

Најголемиот светски производител на автомобили сакаше да го претвори третиот по големина остров во земјата, Кјушу, дом на градот и регионот Фукуока, во централен дел од синџирот на снабдување со електрични возила и извозна база за азискиот пазар. На истиот остров, во фабриката Мијата се произведуваат автомобили Lexus. Тоyotа стратешки планираше поинтензивно да навлезе во областа на електричните автомобили преку својот луксузен подбренд и планира да изгради фабрика за батерии за автомобилите на Lexus. Производителот на автомобили претходно рече дека ќе воведе следната генерација електрични возила со батерии на глобално ниво почнувајќи веќе од 2026 година, а тие ќе бидат произведени од неговиот оддел BEV Factory фокусиран на ЕV.

Тоyotа има амбициозна цел да продава 3,5 милиони електрични автомобили (третина од вкупната продажба) секоја година до 2030 година, од кои нешто помалку од половина ќе се произведува локално од фабриката BEV. Бидејќи Toyota продаде само 104.000 електрични возила во 2023 година и колку и да се фокусирани на хибриди, тие се свесни дека ова е премногу скромна бројка што треба да ја зголемат за да стигнат до конкуренцијата. Ова особено се однесува на ривалите од Кина, бидејќи европските производители го забавија развојот на возила со батерии.

Сè уште не се утврдени сумата што Тоyotа би ја вложила во новата фабрика за батерии и датумот на почеток на изградбата. Сепак, моментално е познато дека фабриката ќе ја управува Primeearth EV Energy, друга подружница на Toyota која е специјализирана за производство на батерии за хибриди, plug-in хибриди и чисто електрични возила.

 





НАЈНОВИ