Тoyota PMCV Concept и Тoyota GranAce

Производителот за возила Toyota за 46 издание на Салонот за автомобили во Токио најави уште еден концепт модел како и сериски MPV модел GranAce што во Јапонија ќе стартува со продажба веќе овој месец – октомври…

Новиот концепт е наречен PMCV (Personal Multi Compact Vehicle), а опишан е како нова форма на мини вен за 2030 година.

За неговата реализација е заслужна филијалата Toyota Auto Body што инаку е одговорна за планирање и развој на мини вен возила.

Во кусата информација стои дека овој концепт има систем на автономно возење , дека е долг 4600 mm, широк 1790 mm, висок 1760 mm и дека има растојание помеѓу оските од 3285 mm.

Во возилото има место за седум патници, чие влегување/излегување е олеснето со лизгачки странични врати како и горен дел што се крева во вис.

Исто така седиштата може во целост да се преклопат во подот со што се добива рамен простор за превоз на велосипеди штици за сурфање

.

Збор, два и за Toyota GranAce, MPV модел чија продажба стартува овој месец на домашниот – јапонски пазар.

Моделот GranAce e долг 5300 mm, широк 1970 mm, висок 1990 mm и располага со растојание помеѓу оските растегнато на 3210 mm.

Се предвидува вградување на само еден погонски агрегат и тоа дизел, со работен волумен од  2.8-литри, што доаѓа во комбинација со шест степен автоматски менувач на брзини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Porsche 911 Targa 4S Heritage Design Edition

Новата Toyota Hilux се подготвува за премиера во друштво на Фернандо Алонсо

Cross sedan Citroen C3L пандан на Dacia Logan

Novi BMW Serije 4 Coupe стаса предвреме !

Пристигнува Fiat Tipo Cross

Citroen C1 JCC+ манекенски шарм на „шевронот” во мини пакување

Најавен новиот Nissan Qashqai

Ford Puma ST-Line Vignale и Puma sa 1,5 литарски дизел мотор

Нов голем Citroen пристигнува во 2021