Toyota Rav4 Автомобил на годината 2019 во Јапонија!

Популарниот SUV на Јапонците, кој е глобално атрактивен модел, се закити со титулата нај автомобил на годината, во матичната земја, убедливо оставајќи ја зад себе моќната конкуренција…

Веќе 40 години организацијата Japan Car of the Year им доделува награди на најдобрите.

Овој пат во интернационалниот центар во Токио за да ги изберат најдобрите на домашен терен во оваа 2019 година се собрале околу 60 членови, претставници на 40 највлијателни специјализирани автомобилски публикации во оваа островска Далеку источна земја  како и 10-на претставници – односно застапници на производителите на автомобили.

Tие се погрижија сета постапка во изборот, односно во гласањето, да се спроведе нај регуларно.

Сите очи на присутните биле вперени во годинашните финалисти: Toyotu Rav4 и Mazdа3, како и на BMW serieѕ 3.

Иако пред гласањето се покажувало дека победникот ќе биде неизвесен се до крајот, сепак по гласањето се покажа сосема спротивното.

Имено новиот Toyota Rav4 постигна убедлива победа со освоени 436 гласа и така сосема заслужено ја понесе блескавата титула – „Јапонски автомобил на годината 2019 “.

На второ место се пласира Mazda3 со освоени 328 гласа, а следствено на тоа трето пласиран е баварскиот премиум претставник BMW serieѕ3 со освоени 290 гласа, но притоа ја доби и наградата – Import Car ( најдобар автомобил од увоз).

Ќе спомнеме и дека Toyota Corolla (најпродаваниот автомобил во историјата во светот) се пласирала на четвртата позиција со освоени 118 бодови, додека, пак, електричниот Jaguar I-Pace го зазема петтото место со освоени 109 поени.

Новата генерација на глобално популарниот SUV модел – Toyota Rav4 е навистина одлично возило со хибриден погонски склоп (покрај бензинскиот) а набргу ќе почне и понудата на plug –in hybrid верзијата, дефинитивно се вбројува во редот на најдобрите возила.

Имено, новата генерација на овој „Јапонец“ напредувала во секој можен аспект

Инаку, во специјалните категории на награди, Jeep Wrangler ја свои Emotional Award (Емотивната награда) за своите можности надвор од aсфалтниот пат, Nissan Skyline ја однесе домашната награда за иновации за својот светски прв ProPilot 2.0 ‘hand-off‘ полу-автономен систем за возење, а трофејот за Small Mobility (Мала мобилност) отиде кај Mitsubishi eK Cross и Nissan Dayz

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест финалисти конкурираат за титулата Автомобол на годината во Македонија

Брз и успешен старт за Ssang Yong и Аутомакедонија

Dacia со секоја година се подобра и подобра

Lada во 2019 со мал пад на продажбата во Европа, но доминира во Русија!

Од Nissan со демант дека бараат развод на „бракот“ со Renault !

Дизелите повторно на удар, нови податоци пак фрлаат дамка на нив

Mеrcedes и Gеely со заеднички проект вреден околу 800 милиони долари!

Пристигнува најмалиот- baby Jeep!

Honda Civic Type R во Токио ќе ја покаже освежената појава