Toyota RAV4 како лимузина долга 7 метри

Вообичаено и нормално е работниците да трчаат дома кај своите семејства со првиот звук на сирената на крајот на смената, но во Јапонија, понекогаш,  практиката е поинаква, а тоа го покажува примерот од фабриката на Toyotа во Такока , каде  задоволните работниците направија чуда во вид на своја креација базирана на Toyota RAV4…

Јапонската веб страна Car Watch неодамна ја посети фабриката, каде им беше претставен необичен проект.

Станува збор за проширена верзија на моделот RAV4 направена од фабрички работници во слободното време.

Околу 200 од нив работеле вредно за да создадат уникатен примерок долг 7,9 метри.

Предниот и задниот дел од возилото останале исти, додека централниот дел е сосема нов.

Можеби не изгледа хармонично, но мора да се признае дека работата е на ниво на некои реномирани работилници  за изработка на каросерии.

Внатрешноста е збогатена со ексклузивни материјали, но фактот дека е продолжената креација на  RAV4 не е искористен за додавање на уште еден ред на седишта.

Овој RAV4 со површина на помал стан во Токио се уште нуди пет места, но во кабината му беа дадени одморалиште за нозе како и масичката за кафе.

Конечно, потенцираме дека работниците на Toyotа го направија овој автомобил без никакви побарувања од работодавачот.

Едноставно тоа бил предизвик за нивниот со кој се справиле во слободното време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаража во Токио место од соништа за вљубениците во Lamborghini

Maserati Ghibli Trofeo, Quattroporte Trofeo  и Levante Trofeo

Новиот Nissan GT-R пристигнува 2023  година со хибриден погон

Auto Bild го најавува Volkswagen Golf 8 Variant

Од млазен авионски мотор до куќичка за кампување!

Наскоро обновена Bentley Bentayga Speed

Lada 4×4 кампер

Volkswagen навести враќање на класичните модели, но со електричен погон

Кристијано Роналдо го купи најскапиот автомобил на светот Bugatti La Voiture Noire