Toyota со град на иднината на Hydrogen погон и автономна технологија

Компанијата Toyota планира да изгради „град на иднината“ во подножјето на познатата планина Фуџи, во Јапонија, што ќе се напојува со хидроген ќелии и ќе функционира како лабораторија за роботизирани автомобили, паметни куќи, вештачка интелигенција и други технологии, соопштија од јапонската компанија…

Тој план Toуota го обзнани на актуелниот, голем, саем на технолошката индустрија – СES во Лас Вегас.

Проектот ќе биде сместен на местото на затворен фабрика и ќе се вика  „Исткаен град“, во знак на сеќавање на почетоците на  Toуotа како производител на машини за ткаење.

Градот ќе биде дом на постојано населени жители и истражувачи, пренесува Reuters.

Toyota не откриваат колку ќе чини целиот тој проект.

И челните луѓе на другите најголеми производители на автомобили разгледуваат како градовите од иднината би можеле да бидат дизајнирани за да се намали емисијата на штетните гасови што влијаат на климата, би го намалиле метежот во сообраќајот и интернетот би го внеле во секојдневниот живот.

Меѓутоа планот на Toуota да изгради заедница на 71 хектар во близина на планината Фуџи е голем чекор напред во однос на тоа што конкурентите предложиле.

Во Компанијата очекуваат дека во градот на почетокот ќе живеат околу 2.000 луѓе.

Почетокот на изградбата на градот од иднината е планиран за наредната 2021 година, a ќе го дизајнира архитектот Бјарке Ингелс, од Данска, кој ги проектирал и кулите близначки во Њујорко просториите на Gооgle во силиконската долина и во Лондон.

Од Toуota исто така навеле дека се отворени за партнерство со други компании кои сакаат да го искористат тој проект како основа за тестирање на нови технологии.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Auto Bild го најави Audi Q5 Sportback

Колективна акција против  VW за обештетување милиони Европејци погодени од Dieselgate

Покрај многу новитети Palexpo 2020 изненадува со тркачка патека во хала!

Електричен Fiat Spider 124 за 140.000 долари

Volkswagen ID.4 дебитира во април на салонот за автомобили во Њујорк

Лажен Ferrari поскаш од оригинлен, нов!

Годинава се очекува промоциј на нови BMW M3 и BMW М4

Renault на годинешниот Rally Dakar настапи и со хибриден камион!

И возилата може да се одбранат од хулигани докажа Тesla Model 3„