Toyota става „сол на отворената рана“ на изневерените кооперанти

Во последните месеци, најголемиот јапонски (и светски) производител на автомобили беше принуден постојано да го намалува бројот на возила што има намера да ги произведе во фискалната 2023 година, што во Јапонија, за прв пат во историјата на познатата компанија, предизвика сериозна криза на доверба меѓу нејзините подизведувачи…

Според тиражниот јапонски економски магазин Tojo Keizai, врвот на Toyota минатиот октомври, во оптимистичко верување, најави дека во текот на календарската 2022 година ќе се подобри понудата на полу – проводници и ќе се надминат проблемите поврзани со короната, по што проценува дека клиентите ќе ги отворат своите паричници и побарувачката за автомобили значително ќе се зголеми.

Поради што јапонскиот автомобилски гигант навестил производство на дури дванаесет милиони возила, што би било убедливо најдобар резултат во историјата на светската автомобилска индустрија.

Раководството на јапонскиот гигант во јануари ја коригираше таа бројка намалувајќи ја за еден милион.

Сепак, планот беше дека, и покрај недостигот на чипови, падот на потрошувачката поради економската несигурност предизвикана од Ковид и инфлаторните движења создадени со пумпање пари за спас на економијата, во фискалната 2023 година (која започна во април 1 од оваа календарска година) да произведе најголем број возила досега, со цел да се воспостави тронот на доминантниот светски производител.

Во мај, сепак, тој план дополнително беше значително ревидиран надолу, така што новата цел за фискалната 2023 година е производство на 9,7 милиони возила.

А целта на производството за последниот квартал од фискалната 2022 година (односно, првите три месеци од оваа календарска година) беше ревидирана три пати.

Мегаломански план?

Важен мотив за размислување за светскиот рекорд од дванаесет и единаесет милиони возила беше обидот да се реши проблемот со акумулираните нарачки.

Нарушувања во снабдувањето поради пандемијата, но и ефикасниот производствен систем на Toyota кој ги елиминира вишоците, односно, не ги остава произведените автомобили да седат непродадени на паркинзи и магацини.

Планерите во најголемиот производител на автомобили на нашата планета всушност прават се се за Компанијата да ги направи точно на време во согласност со побарувачката.

Па така, по ненадејното закрепнување на побарувачката што следеше по ширењето на вакцинацијата и слабеењето на вирусот, компанијата им должи на клиентите ширум светот, кои нарачаа нејзини возила, дури два милиони единици.

Тоа е десет пати повеќе отколку во нормални услови.

Со оглед на тоа што во фискалната 2022 година, групата Toyota произведе нешто помалку од девет милиони возила, идејата да се придвижи кон целта од 12, односно 11 милиони возила подразбира значително зголемување на производството и затоа ненадејно, голем кадровски и материјален товар на плеќите на кооперантите, што принуди некои од нив да инвестираат во проширување на капацитетите и вработување.

Меѓутоа, кога, како резултат на украинската криза, цената на горивото значително порасна и започна инфлацијата, што ја зголемува цената на производството и ја намалува куповната моќ на населението ширум светот, стана извесно дека производството ќе стане покомплицирано, а побарувачката за возила би се намалила, па  Toyota најави ревизија на под десет милиони единици.

Ова намалување значи дека многу нејзини подизведувачи ќе имаат сериозни проблеми да ги повратат своите инвестиции.

Причини за неодреденоста

И додека кооперантите се „приклештени“, самата Toyota не трпи финансиски потешкотии поради падот на производството, кој е видлив.

Покрај тоа, компанијата забележа рекордна нето добивка од 2,85 билиони ¥ – јапонски јени (23 милијарди американски долари) во фискалната 2022 година (која заврши на 31 март оваа календарска година).

Сепак, тој профит во голема мера произлезе од фактот што јапонската валута е на најниско ниво во однос на доларот во последниот четврт век, што е сосема погодно за високо извозно ориентирана компанија која собира голем дел од својот приход во странство во долари и евра.

Едноставно, Toyota моментално заработува многу повеќе по продадено возило, па намалувањето на производството (и продажбата) засега не влијае на тоа.

Тоа е малку ироничен факт што делува како сол на отворената рана на изневерените подизведувачи, кои сега се сомневаат во способноста на Toyota реално да ги процени потребите на пазарот и можностите на синџирот на снабдување.

Домашните новинари специјализирани за следење на овој столб на јапонската економија сметаат дека причината за (невообичаените) чести корекции на целта на производството е првенствено тоа што компанијата ја изгубила моќта да собира и анализира информации врз се заснова предвидувањата на трендовите на понудата и проценките за бројот на возила што е можно да се направат.

Јапонските познавачи на состојбите во Toyota уште една причина за талкањето на компанијата во однос на обемот на производството гледаат во пресилното раководство на извршниот директор Аки Тојода, правнук на основачот на компанијата, кој на таа позиција е веќе 13. години.

Под диригентската палка на Тојода, компанијата постојано го зазема првото место во светот во однос на годишното производство и продажба и ги надмина предизвиците како што се последиците од светската финансиска криза во 2008 година или прекините на снабдувањето предизвикани од влијанието на големото цунами во 2011 година,  во кој загинаа околу 18.500 луѓе во североисточна Јапонија.

Но, тој сега е обвинет дека ги отфрлил сугестиите на неговите подредени раководители и создал атмосфера во која менаџерите кои имаат подетален увид во состојбата на работите на теренот немаат храброст или волја да се спротивстават на неговите планови.

Покрај глобалните економски проблеми како што се инфлацијата и недостигот на чипови, за намалувањето на производството во групацијата Toyota во оваа фискална година ќе придонесе и заклучувањето поради ковид на кинескиот град Шангај и скандалот поврзан со „лажирање“  на поставените параметри како што се потрошувачката на гориво и количината на штетни честички во издувните гасови во јапонската фабрика за камиони Hino, која од 2001 година е дел од Toyota и во земјата на изгрејсонцето има најголем удел на пазарот за овие транспортни возила – заради решавање на овие проблеми нивната испорака е стопирана до понатамошно известување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volkswagen ID.Buzz хит и пред да почне продажбата

Volvo привремено ја запре продажбата и понудата на лимузината Ѕ 60

Компанијата што произведува Јеер во Кина поднесе барање за стечај

GM го ревидира амбициозниот план за производство на EV во САД

Русија ја „моли“ Индија за испорака на потребни делови за автомобили, авиони…

Stellantis би можел целосно да се повлече од Кина

Горивата поевтинуваат бензините за два а дизелот за 1,5 денар

Три клучни проблеми за бавниот премин кон EV

VW нема да го згасне SEAT