Toyota Supra GR со 2,0- подготвена за „десант“ на Европа!

Во март, годинава, Toyota ќе ја понуди петтата генерација на својот спортски модел Supra, опремен со турбо бензинец, со четири цилиндри и работен волумено од 2,0-литри и на пазарите ширум Стариот континент …

Атративната спорскаикона во новата генерација, за разлиа од своите преходници, сега може да сенарача и во Европа.

Станува збор за петтата генерација Toyota Supra GR 2.0 чие производство, како што велат во Toyota, ќе започне набргу, а стартот на продажбата на пазарите на Стариот континет е прдвиден за март тековната 2020 година.

Во Toyota сметаат дека нивниот спортски модел Supra (што изворно е оремен со битурбо бензинец, со шест цилиндри ) во комбинација со помал мотор исто таа турбо бензинец но со четири цилинди и работна зафатнина од 2,0-литри, ќе привлече поголем број купувачи во Европа, пред се заради пониската цена што ќе биде објавена пред стартот на  продажбата.

Истовремено, во одделот на Toyota, Gazoo Racing сметаат дека Supra со помалиот мотор, пресекот од 1,55 меѓу меѓуосовинското растојание и трагот на тркалата, како и распределбата на масата по осовини во размер 50:50 ќе биде исто толку забавна за возење како и помоќната верија со шест цилиндри  со 340 КС и 500 Nm што со автоматси менувач се пренесуваат на тркалата од задната оска.

„Тоа ни беше огромен предизвик, но не сакавме било каков компромис во остварување на поставените цели“, изјави Тецуја Тада, главниот инженер на GR Supra za 2020 моделската година.

Според WLTP, емисијата на CO2 изнесува 156 gr/km, а тоа следствео значи просечна потрошувачка од 6,5/ 100 l/km.

Инау турбо бензинецот со четири цилиндри и волумен од 2,0-литруе моќен 258 КС и 400 Nm, а и тука преносот на силата е на задната осовина, преку осум степен  ZF  автоматски менувач.

Со маса за 100 kg помала од таа на врзијата со шест цилиндри, оваа Supra  од 0 до 100 km/h стигнува за 5,2 секунди и развива електронски ограничени 250 km/h.

Во опремата „послабата“ верзија  има 18-инчни алуминиумски тркала, спортски седишта со црна алкантара, систем за препознавање на пешаци и велосипедисти, одржување на возилото во сообраќајната лента, систем за препознавање на сообраќајни знаци, аудио систем со четири звучници, 8,8-инчен екран

Ќе се нудат и три опциони пакети (Connect, Sport i Premium), при што Connect има плус сателитска навигација и дигитални сервиси, пакетот Sport нуди кочници со поголем капацитет, адаптивен систем на потпирање и активен диференцијал,а Premium вклучува 12 звучници и JBL премиум аудио уред….

Една напомна моделот Fuji Speedway Edition кој ќе се нуди само во 200 примероци во Европа и доаѓа со  црни 19-инчни фелни, црвени куќишта за ретровизорите и кабина која е обложена во комбинација на кожа, алкантара и карбон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Производната верзија на Lucid Air на салнот во Њујорк

Новиот Toyota Land Cruizer пристига наредната 2021

Снимен нов Renault concept

Новиот VW GTI без маска- „ѕирнат“ од задната страна!

Новиот Nissan 370Z добива 400КЅ  и ретро дизајн

И официјално -Škoda Rapid Spaceback facelift !

Најавени Ford S-Max и Ford Galaxy со хибриден погон

Перворманс изведбите Golf GTI и GTD со деби во март, на Palexpo 2020!

Porsche подготвува нови модели 718 GTS 4.0 за вистинските ентузијасти!