Toyota Supra на Пол Вокер оди на продажба!

Легендарниот автомобил управуван од Пол Вокер (Paul Walker) во филмот Брзи и бесни (Fast & Furious) ќе се продаде на аукција организирана од куќата на Barrett-Jackson…

Оваа Toyota Supra произведена во 1994 година беше една од главните sвезди на филмот што „одгледа“ цела една генерација на тјунери.

Таа се појави во 2001 година во Fast & Furious и во 2003 година во 2 Fast 2 Fourius.

Candy Orange боја што првично се појави на оригиналниот Lamborghini Diablo, Bomex body kit, капакот на моторот TRD, задното крило APR и 19-инчните бандажи Dazz Motorsport Racing Hart M5, се одговорни за импресивниот визуелен впечаток.

Но, оние што очекуваат огномет под хаубата ќе бидат разочарани.

Имено, под хаубата се наоѓа моторот во оригинален формат.

Станува збор за добро познат 3,0-литарски турбо-бензинец со 6-цилиндри во линија со ознака 2JZ.

Инаку, овој автомобил во 2015 веќе беше на аукција на која постигна цена од 185.000 американски долари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На еден пат во Холандија властите ги потикнуваат возачите да возат побрзо

Hyundai Casper во производство од 15 септември

Полициски дронови ловат сообраќајни прекршители во Полска

Land Rover работи на перформанс Defender

Три верзии на електричниот ID. Buzz „иконата се враќа на голема врата“

Tesla Систем на автономно возење месечината ја препознава како жолто светло на семафор

Pininfarina Batista во 128 милиони комбинации!

Обновена Lada Niva Bronto

Volkswagen Atlas Cross Sport GT Concept