Toyota T-Mate ново име за напредни системи

Toyota е посветена на обезбедување на највисоки безбедносни стандарди во своите возила, постојано пронаоѓајќи начини за користење на нови технологии за да се избегнат несреќи и да се подобри заштитата на возачите, нивните патници и другите учесници во сообраќајот…

Овој пристап доведе до нова генерација на напредни системи за помош на возачот – инаку познати како ADAS – кои играат сè поголема улога во побезбедно возење.

Најавувајќи го проширувањето на својата посветеност на безбедноста, Toyota го лансира Toyota T-Mate, ново заедничко име за сите нејзини системи за безбедност и ADAS.

Toyota T-Мate покрива голем број различни системи дизајнирани да ја подобрат безбедноста во многу ситуации на возење, од прецизно паркирање до возење по градските улици и автопати.

Континуираниот развој на безбедносната технологија доведе до зголемена употреба на сензори, радари и камери, кои постојано ги следат не само перформансите на возилото, туку и околниот сообраќај и околината на автомобилот.

Системите освен мониторинг го предупредуваат возачот за потенцијални опасности и, доколку е потребно, преземаат акција со активирање на  сопирањето, помош при управувањето, како и контрола на педалата за забрзување, за да се спречат несреќи или да се ублажат несаканите последици во сообраќајките.

Сеопфатниот „чадор“ на Toyota T-Mate и дава на Toyota нов начин да ги прикаже сите придобивки од својот ADAS во реалниот живот, додека автомобилската индустрија се движи кон уште понапредни автоматизирани и автомобили што самите самостојно управуваат за иднината.

Тоа е, исто така, можност да се објаснат придобивките од ADAS со разбирливи зборови, како на пример објаснување како вашата Toyota секогаш се грижи за вас, како партнер на кого постојано му се достапни информации, при секое патување.

T-Mate го комбинира Toyota Safety Sense со други активни системи за помош при возење и паркирање за да го направи патувањето не само полесно и побезбедно, туку и да ги заштити сите патници во возилото, како и другите учесници во сообраќајот во различни ситуации.

Постојаниот развој на напредни безбедносни системи и нивната широка примена во портфолиото ја потврдуваат посветеноста на Toyota за намалување на несреќите.

Системот за предупредување пред судир (Pre-Collision System)  сега нуди, за прв пат, ограничување на забрзувањето при мала брзина, потоа и помош при влегување на раскрсници, како и подобрено детектирање на сообраќајот што се одвива од спротивната страна, а тука е и помош при вртење на раскрсниците.

Други нови функции во технологијата Toyota Safety Sense ги вклучуваат системот за итно стопирање (EDSS) и безжично ажурирање (Over The Air – OTA), што ги одржува ажурираните функции и додава нови во текот на животниот век на моделот.

Пакетот T-Mate се разликува во зависност од карактеристиките достапни за одреден модел и/или пакет опрема.

На Toyota T-Mate ќе и биде претставена маркетинг кампања во која во група пријатели се појавува емпатичен лик, кој секогаш е подготвен да скокне за да помогне во непријатни ситуации.

Напредниот систем на Јапонците е паметен е, брзо размислува и секогаш е таму.

Токму тоа е и дсфиницијата што најкратко и најјасно го објаснува Toyota T-Mate.

Новото заедничко име се воведува на европските пазари заедно со доаѓањето на нови производи и сезонски програми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Škoda старува произодство на МЕВ батериски системи во Млада Болеслав

Audi интегрира Apple Music во своите модели

Зошто летните гуми прават многу поголема бучава при високи брзини!?

BMW воведува бои базирани врз биомаса

NamX со погон на водород

DS Automobiles сака да развие автомобили без класични сопирачки

Скриени богатства: тајните на „глувите одаи“на Renault

Дотеран Rolls-Royce Phantom Series II

Погоните на BMW во Унгарија треба во потполност да работат без фосилна енергија