Тоyota во 2025 со нов Prius со нова технологија

Извршниот директор на Toyota, Акио Тојода, со години изразува незадоволство од електричните автомобили, нивното влијание врз работните места во автомобилската индустрија, практичноста…

Не е ни чудо што Toyota започна скромно со лансирање на електрични автомобили, а во задина на целата оваа  приказна, работи на нова технологија. Таа редизајнираше турбо бензински мотор кој користи водород наместо бензин.

Овој мотор не користи технологија на горивни ќелии (и електричен мотор) туку речиси класичен бензински мотор со цилиндри, клипови, коленесто вратило, вентили. Има дури и турбополнач, пишуваат специјализираните портали.

Новиот бензински мотор со три цилиндри на Toyota ја имаше првата примена во најпродаваниот модел во историјата на автомобилизмот, не само на оваа марка, туку воопшто на сите, за сите времиња Corolla и тоа натпреварувачки модел за трките на  Corolla на првенство на истрајност  Јапонското 24 часа и досега немаше проблеми.

Од Toyota  велат дека емисијата на штетни гасови ќе биде речиси нула!!!. Единственото мало загадување ќе биде предизвикано од согорување на моторното масло во моторот.

Исто така, звукот на моторот е сличен на бензинот, а одговорот ќе биде многу подобар бидејќи водородот е по запалив од класичните горива, бензинот и дизелот.

Првата вест ја објави Forbs а сега Best Car пишува за тоа.

Конструкција на погонска единица слична на онаа на Corolla би требало да влезе во сериска примена на plug-in хибридниот Prius, кој треба да се појави на пазарот во 2025 година.

Автомобилот треба да испушта минимални количини на СО2 и азотни оксиди.

Новиот Prius ќе излезе на пазарот следната година како класичен хибрид, а овој модел се очекува за три години.

Веста се уште не е потврдена од Toyota, но овој систем навистина може да биде спас за моторите со внатрешно согорување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai со патент за дисплеј во средина на воланот

Honda SENSING 360 степени – формула за безбедност

Сон на возачите Вечен зел бран

Google AI го подобрува протокот на крстосниците

Fiat Tipo „задоволи“на тестот „северен елен“ на Тимот км 77!

GM се пофали со нов авто пилот Ultra Cruise

Кинескиот автомобилски гигант Geely почнува со производство на сателити

Lancia Delta се враќа како електричен автомобил

Mazda6 со заден погон и мотор со 6 цилиндри во линија за 9 месеци!