Toyota Yaris Cross GR Sport

Yaris Cross GR Sport е најновата верзија на помалиот crossover од палетата на Toyota, но со напомена дека оваа варијанта (за жал)  ќе биде достапна само за клиентите во Јапонија…

Тојота вели дека Yaris Cross GR Sport има подобрена управливост и помалки наведнувања (на страна) на каросеријата, карактеристични за crossover моделите поради нивната висина и повишена оддалеченост од подлогата, а за тоа, покрај другото е „заслужна“ и ревидираната суспензија.

Автомобилот исто така е понизок за 10 mm, поставен е на 18-инчни тркала со гуми Falken, а прилагодени се и пружините, амортизерите и електричното серво управување.

Со хибриден погон, Yaris Cross GR Sport има надграден контролер на погонската група што обезбедува подобрена реакција при притискањето на педалот за гас.

Покрај горенаведеното, Toyota за овој свој мал crossover обезбеди и црна саќеста решетка на маската, црвени клешти на сопирачките, алуминиумски тркала со 10 краци, нови предни седишта со мешавина од Air Nubuck и материјали од синтетичка кожа, како и кожен управувач со три краци. тркало со логото GR, дел од централната конзола во темно сива металик боја и алуминиумски педали…

Yaris Cross GR Sport може да се добие со 1,5-литарски бензински мотор со три цилиндри, со моќ од 118 коњски сили, како и во варијанта со хибриден погонски скоп.

Продажбата во Јапонија започнува следниот месец (август) тековната 2022 година, по цени од 2.367.000 до 2.750.000 јапонски јени (што изразено во европски банкноти изнесува од 16.900 до 19.635 евра).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигна новиот Citroën C5 X

Chery претстави пет модели под брендот Kaiyi

Mini Aceman Concept

Најавен MG 7

Обновени Fiat Cronos и Fiat Argo

Во “Sphere” новиот Peugeot 408 ги привлекува сите погледи…

Geely Binyue Cool

Нов Nissan X-Trail

Подновен Nissan Kicks