Toyota за прв пат ќе го надмине GM по број на продадени возила во САД

Toyota за прв пат ќе стане лидер во продажбата на автомобили во САД, земајќи ја титулата што General Motor ја има речиси еден век…

Ова е уште еден знак дека американските производители на автомобили ја загубија својата доминација на домашниот пазар.

Уште во 2005 година, Toyota беше четврта по продажба во САД, зад GM, Ford и она што тогаш беше познато како DaimlerChrysler, кои заедно држеа 57 отсто од американскиот пазар.

Но, во 2021 година, GM, Ford и Stellantis – европскиот производител на автомобили што го поседува Chraysler – заедно имаа само 38 отсто од американскиот пазар во трите квартали од таа година.

Дури и ако се додаде Теslа, на американските производители им носи нешто повеќе од 40 отсто од продажбата.

Продажбата на General Motors заостана зад Toyota во текот на деветте месеци од 2021 година, а се очекува да остане зад Јапонците и кога ќе бидат објавени резултатите за четвртиот квартал, пренесува CNN.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои половни автомобили се најпопуларни на Стариот континент

Салонот во Детроит во Септември, а во Париз во Октомври годинава

Honda Civic Автомобил на годината во Северна Америка за 2022

Од 2030 година Mercedes нема да нуди каравани

SsangYong доби нов сопственик

Peugeot и дефинитивно се откажува од враќање на пазарот во САД

Непрофитабилните марки во Stellantis немаат светла иднина!

Кои половни автомобили се најдоверливи- по класи

И Bentley со рекордна година