Трамвај излетал од шини- присебен возач ги сочува и возилото и животот

Трамвај изработен во Чешка излета од шините и започнал неконтролирано да се движи по патот, во Харков, Украина…

Овој тип чешки трамваи се задржал во производство се до 1987 година. Станува збор за еден од најпопуларните модели на трамваи во таа земја  (Тatra Т4).

Инаку ова средство за јавен градски превоз се користи и во други земји како на пример во градот Харков, во Украина, каде што е снимен овој необичен настан, пренесуваат специјализираните портали.

Камерата од автомобилот што во тој момент се нашол на местото на настанот  го овековечила моментот кога 17-тони тешкиот трамвај излегол од шините и започнал да се лизга по патот.

Возачот во автомобилот за среќа бил прибран и реагирал на вистински начин и во право време. Тој, во последен момент, сврте остро налево и на тој начин избегнал контакт со челичниот монструм на шини, што сигурно ќе заврши трагично за неговиот автомобил.

Во овој видео запис не може да се види дали трамвајот на крајот удрил во возило или успеал да застане безбедно. Така што не се знае дали во овој инцидент има поголема материјална штета и евентуални жртви.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Genesis од летото во Европа

Touring Superleggera најавува нов спортски автомобил

Најавен Hyundai AX1

Според најавите, Се продава Alfa Romeo Autotutto

Mercedes Benz SLS AMG Electric drive на продажба

Top Gear ги избра најдобрите електрични автомобили

Моторот на Aurus ќе се вградува и во авиони!

Bugatti Chiron рачно изработен од глина

Најавен Volkswagen ID.5