Третата етапа Daklar Rally 2019 – Сајнц со скршено тркало, лидер Ал-Ахија

Третата етапа на 41-то издание на Dakar Relly, долга 798 km, со 331 km брзински испит, беше катастрофална за еден од најискусните рели возачи на светот на сите времиња , 56 годишниот Шпанец Карлос Сајнц

Карлос Сајнц, познатиот El Matador, двоен шампион во WRC, годинава е зад воланот на специјално подготвениот Mini и на третата етапа стартуваше под полн гас, сакајќи да се искачи на врвот од шестата позиција што ја имаше по втората етапа со заостанување од две минути 28 секунди.

Меѓутоа на 38 km од специјалниот брзински испит, долг 331 km Сајнц и неговото Mini полетаа во воздух, изгубиле стабилност и заринка во песочна дина.

Возилото имало скршен предно лево тркало а посадата благодарение на врвните седишта и безбедносните ремени минала со мали повреди и набиеници…

Сајнц продолжил да вози , но со големо заостанување и тешко дека ќе има можност повторно да го освои Dakar, како во 2010 година.

За разлика од тимскиот колега, 53 годишниот Французин Стефан Петерхансел (Stephan Peterhansel ) на специјалот бил најбрз.  Неговиот Mini летал, скокал, на често пати на две и на едно тркало совладувајќи ги песочните стапици и бил повеќе од убедлив. Зад него се пласира исто така одличниот Насер Ал-Атија, од Катар, со Toyota со задоцнување од само две минути и 39 секундии со тој резултат изби на водечката позиција во генерален пласман со шест минути и 48 секунди пред Ал Раџи во неговиот Mini.

Глобалната рели ѕвезда, Себастијан Леб (Sebastien Loeb), со Peugeot 3008 Dakar како победник на претходниот специјал имал неблагородна задача „отворање на специјалот“. Не се снашол најдобро и на половината веќе доцнел 41 минутаисто како и Де Вилер (Dе Viler) со Toyota кој застана на 172 km од „брзинецот“.

И кај мотоциклистите е навистина „тесно“, а брзинскиот испит кај нив го доби Султре со Yamaha, a само 15 секунди зад него стаса Куинтанила со Huskvarna. Официјалниот шампион Валкнер во цел влезе со големо здоцнување од 23 минути и 15 секунди.

Сите поголеми доцнења се последица на заглавување во песок или на грешка во навигацијата и барање на скриените „електронски точки“, по кои Dakar рели е дополнително комплициран.

Во генералниот поредок првите три места ги имаат: Кунитанила, Бенавидес и Сандерлен.

 

Кај квадовите лидер и натаму е Кавиљао, а кај камионите Русот Николаев со KAMZ  кој згора и ја зголеми предноста на лидерската позиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Engler Automotive Superquad

SEAT Minimo Concept – нов поглед на урбаната мобилност од иднината

Opel се фокусира на рели со ADAM и следната Corsa

Aston Martin Project 003 – први официјални тизери!

Возачите на Alfa Romeo Racing F1 Team

Овој петок Cupra ќе го претстави својот нов концепт

Sаubеr и Alfa Romeo продолжуваат заедно како Alfa Romeo racing

Трите SUV возила на SEAT прв пат заедно во Барселона

Volkswagen ID. R најави уривање на рекордот на Nürburgring зa EV!