Третата генерација на Opel Insignia (2022) ќе биде изведена од Peugeot 508

Се гради на платформата EMP2, со слични габарити, но ќе биде поцврста, со поголема пространости полесна, што заедно со одличната аеродинамика (0,24), потоа 48V инсталација и погонски агрегати со моќ од130 до 225 KS ќе и обезбеди уверливи перформанси…

Уверливата трансформација на  Opel, од GM во PSA портфолио, по новиот модел Corsa ги најавува и следните новои фази: шестата генерација на компактниот модел Astra (во 2021година) и третата генерација на лимузината од D сегментот –  Insignia.

Тука нема којзнае колкава филозофија, следот е логичен и уверлив, бидејќи станува збор за геменски изведени (доработени и унапредени ) модели Peugeot 208, 308 и 508.

Како потсетување ќе речеме, Insignia од првата генерација ја замени во 2008 година, не многу успешната, Vectrа од третата генерација и се заките со титулата „Европски автомобил за 2009 година“.

Солидно и убаво обликуваната лимузина на Opel, долга 483 cm, покрај доблестите, покажала и недостатоци.

Opel Insignia GSi

Првиот: комфорот позади е најмал во класата, помал одошто кај другите копактни модели.

Моделот од втората генерација на пазарот пристигна во 2017 година, не е некој супер хите, но солидно се коректно се продава .

Третата генерација на Opel Insignia со очекува во 2022 година, a ќе биде направен на новата платформа на Концернот PSA – со ознака EMP2, каде големо учество имаат високи цврстите челици, па со зголемената цврстина за една третина, ќе обезбеди и намалување на масата на автомобилот во просек за 80 kg.

Приоритет е дизајнот што досега и не бил којзнае каков адут на Opel, кој конечно би можел да стане автомовил со „вау“ (wow) ефект, како што покажува и видо записот објавен од специјализираниот портал Autobild.de.

Во Риселсхајм ( Rüsselsheim), врз база на добрите успеси, ја креваат летвичката и планираат исчекор во премиум сегментот каде се Audi A4, BMW Serieѕ 3 и mercedes Benz C Class.

Ќе се искористат сите адути на технологијата на  PSA, пред се турбо – бензинските погонски агрњгати  со четири цилиндри и работеен волумен од 1.6-литри со моќ од180 и 225 KS, облагородени 48-волтна технологија, што своите асути веќе ги покажа во Peugeot 508.

Но за тие што мислат дека дизелите се повлекуваат им велиме дека многу се мамат

Трератата генерација на Opel Insignia ќе има унапредени дизел мотори, прилагодени кон нормите Euro 6d а станува збор за: 1.5 Turbo D со 130 KS и 2.0 Turbo D со 160 и 180 KS.

Се најавува и помоќна верзија; bi-turbo со моќ поголема од  200 KS.

Поред мануелниот менувач на брзини со шест степени на пренос на силата во понуда ито така ќе биде и автоматскиот со осум степени на пренос на силата.

Opel уфрла во брзина погоре ….

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четврта генерација Škoda Fabia (MY 2021) го покажа својот лик!

Новата Opel Insignia сјае со новата генерација на IntelliLux LED пиксел светло

Четвртата генерација на Audi A3 Sportback пристига вгодина!

Пристига Citroen C3 Aircross C-Series edition!

Во 2020 Opel Insignia добива освежување

Подновен Jaguar F –Type за 2021

Porsche 911 Hybrid над сите Porsche 911!

Audi RS 3 (МY 2021) со 410 KS

Прекрасниот crossover новиот Kia Xceed пристигна во Скопје