Третиот ден на Dakar Rally во знакот  на Шпанецот Сајнц!

Карлос Сајнц е победник на третиот ден на релито Dakar, a со тоа изби и на првото место во генералниот пласман…

Карлос Сајнц (Carlos Sainz), двократен победник на  Dakar релито, бил најбрз на третиот ден во својот Mini баги со погон на тркалата на задната оска и ја презеде водечката позиција во генералниот пласман на познатото рели. Денешната етапа беше кружна,  а почнала и по 427 km завршила во местото Неом (Neom).

На второ место во денешната етапа се пласирал возачот на Toyotа Hilux и бранителот на титулата Насер Ал -Атијах, со задоцнување од 3′:31“, со што во генералниот пласман се искачил на втората позиција со вкупно задоцнувањ од 4′:55“.

Вчерашниот победник Орландо Теранова ( Orlando Terranova ) не успеа да го задржи водството, со оглед дека зад Сајнц денес доцнел 13 минути остварувајќи осми резултат.

Денешната етапа генерално им одговарала на возачите на Mini, со оглед на тоа дека  Јакуп Прзигонски (Yakub Przygonski), фабрички возач, и приватникот  Јасир Сеаидан (Yasir Seaidan) го заокружиле со пласмани на првите четири натпреварувачи.

Двојниот шампион на светот во Formulа 1, Фернандо Алонзо (Fernando Alonso) во оваа етапа одлично возел и со 6′:14“ постави петти најдобар резултат, но вчерашната загуба во време од два и пол часа скапо ќе го чини и тешко дека ќе може да се надомести.

Во конкуренција на мотоциклисти  најбрз бил фабричкиот возач на Hondа Рики Брабек (Ricky Brabec), додека второ време со 9′:39“ задоцнување постигнал вториот фабричи возач на тимот Honda Хосе Игнацио Корнејо (Jose Ignacio Cornejo), a доминацијата на Hondа ја заокружил Коан Бареда (Joan Barreda),што низ целта инал со задоцнување од 13′:16“.

Во генералниот пласман кај мотоциклистите, редоследот е идентичен као и во денешната етапа.

Води Брабек, втор е Корнео, a трет со минимално задоцнување е Бареда.

И на четвртата позиција во овој момент е возач на Hondа –  Кевин Бенавидес (Kevin Benavides), a дури на петата позиција е возачот на KTM, Матијас Валкнер (Matthias Walkner), a бранителот на титулата, кај мотоциклистите,  Тоби Прајс (Toby Price) в моментов е на деветтата позиција со задоцнување од 38′:23“ зад водечкиот.

Во конкуренција на камиони на оваа етапа најбрз билАндреј Каргинов (Andrey Karginov) во Kamaz, но Дергеј Виазович (Siarhei Viazovich) во Maz повторно бил брз и заостанува само 4′:54“.

Во генералниот пласман и натаму води Виазович со  2′:18“ предност пред Каргинов.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot подготвува ултимативен „спортист“ за Le Mans 2022

Фетел го купи болидот Williams FW14B што го возел Менсел

Alpine F1® Team влегува во Formula 1 ново име во големиот циркус на тркал

Цените на горивата повторно паѓаат

Renault Talisman отстапува место на електрична лимузина!

BMW M4 GT3 е подготвен да се упати на тркачките патеки

KIA Sonet нов SUV од Кореја но не и за европскиот пазар!

Subaru WRX S4 STI Sport #

Новиот Stratos влегува во производство, премиерата во септември