Три автомобили од Индија само со една ѕвезда на Global NCAP тест

Глобалната програма за проценка на нови автомобили (NCAP) тестираше четири автомобили за индискиот пазар, а резултатите беа разновидни, подобро кажано дијаметрално спротивни…

Еден доби максимални пет ѕвездички, а останатите отидоа во спротивнакрајност, добија само една ѕвезда. Mahindra Scorpio N доби оцена со пет ѕвезди за заштита на возрасни патници со 29,25 поени од 34.

Сепак, доби три ѕвезди за заштита на децата поради недостаток на безбедносни појаси со три точки. Моделот доби 28,93 поени од 49 во оваа категорија. Тестираното возило беше во основна безбедносна спецификација со двојни предни воздушни перничиња и ABS сопирачки.

„Global NCAP му честита на Mahindra за нејзината континуирана посветеност на безбедноста, постигнувајќи пет ѕвезди за заштита на возрасните патници според нашите нови, попребирливи протоколи за тест за судир“, рече Алехандро Фурас, генерален секретар на Global NCAP.

Моделите на Maruti Suzuki, сепак, поминаа многу полошо. Моделот Swift беше во групата возила со по една ѕвезда за безбедност на возрасни и деца. Доби 19,19 поени за возрасни и 16,68 за деца. Со 20,03 поени, Maruti Suzuki S-Presso беше малку подобро на тестот за безбедност за возрасни, но сепак беше доволно само за оценка со една ѕвезда.

Многу полошо беше во оценката за заштита на децата со само 3,52 поени и не доби ниту една ѕвезда. На крајот, Maruti Suzuki Ignis доби само една ѕвезда за безбедност на возрасни и само 16,48 поени. Постигна нешто подобро од S-Presso во оценката за заштита на децата со 3,86 поени, што резултираше со оценка со нула ѕвезди.

Моделите на Maruti Suzuki беа во основни безбедносни спецификации кои вклучуваат двојни предни воздушни перничиња. Ниту еден од нив не нуди странични завесни воздушни перничиња, дури ни како опција. Исто така, Global NCAP откри дека овие возила имаат нестабилна структура на каросеријата при фронтален судир.

„Многу е загрижувачки што производителот со најголем пазарен удел во Индија, Мaruti Suzuki, продолжува да нуди модели со такви лоши перформанси, кои дури и не прават некои клучни безбедносни системи достапни за потрошувачите во Индија како опционална опрема“, рекол генералниот секретар Фурас.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И официјално Lamborghini Revuelto

Subaru планира нови хибридни и електрични автомобили за Америка

Пристигнува електричен VW Golf

Електричен Ram 1500 REV

Сите нови модели на ултра луксузниот бренд Rolls Royce ќе бидат електрични

Honda стартува со производство на новиот систем на горивни ќелии

Втора пролет на Dacia Spring

Емисиите кај хибридните автомобили се тројно поголеми одошто покажуваат официјалните тестови

Електричниот Rolls-Royce Spectre ја заврши третата фаза на тестирање