Три големи производители сакаат да се вратат во Русија?!

Врз основа на објавата пласирана во рускиот весник РИА Новости, стана познато кои марки на автомобили сепак имаат желба да се вратат на пазарот на Руската Федерација, по напуштањето поради санкциите воведени поради така наречената специјалната операција на Русија во Украина…

Извештаите од најголемата земја во светот според површината носат и информација дека локалната компанија Автотор е подготвена уште еднаш да обезбеди производствен капацитет на странските компании кои имаат намера да го обноват производниот циклус.

Споменатата вест до претставникот на седмата сила дојде од устата на менаџерот на Калининградската област, Антон Алиханов, кој изјави дека некои светски марки на автомобили сакаат да се вратат на рускиот пазар.

Имено, според таа информација станува збор за марките BMW, Hyundai и Kia кои до неодамна соработуваа со фабриката за автомобили Автотор од Калининград.

Судејќи според она што јавно го наведува Алиханов, она што го спречува остварувањето на плановите кај главите на бизнисмените се политички мотивираните одлуки на локалните (лидерите на домицилните држави на производителите) лидери во тој сегмент од општеството, но и покрај тоа, производната компанија во Русија е подготвена да ги пречека странските компании, со отворената можност за брзо повторно воспоставување деловни активности.

 

Менаџерот на најзападната руска провинција изјави дека странските производители на возила разбираат дека го изгубиле своето место на огромниот пазар и дека правилно ја проценуваат важноста на можното враќање. Тоа секако, би им овозможило подобро да се позиционираат, доколку тоа се случи веднаш, односно ако е можно што поскоро.

Сепак, враќањето во моментов не е сигурно поради политички причини, а кога тоа ќе се случи, први во Русија ќе се вратат претставниците на споменатите компании и тоа баварскиот BMW, и автомобилските марки од Јужна Кореја Hyundai и KIA. Сепак, додека тоа не се случи, Автотор Калининград ќе ги отвори вратите за нови партнери. Раководството на таа фабрика има потпишано бројни договори кои ќе овозможат работа на производните линии и во 2023 година. Се очекува во текот на следната 2023 година во овие погони да се склопат околу сто илјади возила .

Така, пред два дена во фабричкиот комплекс Калининград започна производството на кинески автомобили, а во исто време беа поставени линиите со чија работа ќе се родат нови продукти на четири тркала со логоа на три кинески производители. Што да се каже дека Кинезите ја препознаат создадената шанса и дека нема да ја пропуштат можноста што им се нуди така речено „на тацна“.

Во претстојниот период ќе следат бројни анализи и информации што не ретко може да бидат и спротивставени. Но, како што вели старата народна поговорка времето е најреалниот судија и само тоа ќе покаже што ќе се случи и кога. Нам како набљудувачи ни останува да бидеме трпелливи и да почекаме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Mufasa

Регистерска табличка со ознака „R“ продадена за три милиони евра

Најдобри возачи на светот се Јапонци, а најлоши од Тајланд

Популарноста на кинеските возила расте ширум светот

Maserati би можел да направи неколку уникатни модели

Супер-спортист на Lamborghini, со делови“ од пристапни секојдневни модели!

Како би изгледало кога Bugatti, Porsche и Rolls-Royce би произведувале камиони?

VW ја разгледува можноста за електричен pick – up наменет за пазарот во САД

Ineos планира повеќе нови модели вклучувајќи и два електрични