Три клучни проблеми за бавниот премин кон EV

Иако глобалната продажба на електрични возила се удвои минатата година, според прогнозите, до 2040 година само 38 отсто од автомобилскиот пазар ќе бидат електрични возила со батерии (BEV)…

Најголем проблем е неусогласеноста во воведувањето на електрични модели меѓу земјите, што најдобро се гледа на примерот на Кина, Европа и САД, кои во 2021 година оствариле 95 отсто од вкупната глобална продажба на електрични автомобили, пишуваат информативните агенции.

 

Светската локомотива во однос на транзицијата кон електрична енергија е Кина, каде во 2021 година се продадени повеќе електрични автомобили отколку во остатокот од светот во 2020 година.

Причините за бавната транзиција кон струја ги пронашол порталот Visualcapitalist кој издвојува три клучни проблеми.

1) Ограничени ресурси

Набавката на клучните суровини ќе биде најголемиот предизвик за воведување на електрични возила, бидејќи побарувачката ја надминува понудата. Иако некои области на производство може да се забрзаат, времето на екстракција на минералите потребни за батериите не може, што ќе предизвика големи доцнења во производството. Може да потрае од 4 до 20 години за рудникот за минерали да започне со комерцијално производство.

Покрај времето потребно за достигнување комерцијални нивоа на производство, на рудникот може да му требаат и до 10 години за да достигне производствен капацитет.

2) Трошоци и набавна цена

Иако електричните возила стануваат попристапни, набавната цена на пазарите во развој и понатаму е преголема. На пример, Индија, Бразил и Индонезија учествуваа со помалку од 0,5 отсто од глобалната продажба на електрични возила минатата година. Континуираното зголемување на цената на суровините, како и глобалниот пораст на каматните стапки, исто така придонесува за ограничена достапност и бавно масовно прифаќање.

3) Слаба инфраструктура

Посилната – поинтензивна изградба на инфраструктура, поточно на станиците за полнење електрични возила, ќе ја зголеми побарувачката за суровини како бакар и никел. Инфраструктурата за полнење, исто така, варира помеѓу земјите, па дури и Франција, Германија и В. Британија во моментов не ги исполнуваат препораките на ЕУ за достапноста на полначот.

Убедливо најголемиот проблем ќе биде изградбата на соодветна инфраструктура за полнење на пазарите во развој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Tesla Model S поминал најмногу во зимски услови

Во Италија по најтешките сообраќајќи на виновниците трајно ќе им се одземе возачката дозвола

Hyundai стана трет по големина производител на автомобили во светот

Ќе нема веќе „МК“ на табличките на возилата, возачите ќе мора да ги заменат со „НМК“

Од полноќ дизелот поевтинува за 2,5 денари

Нова Acura ZDX

Автомобили што наскоро ќе останат без „наследници“

Недостатокот на чипови ќе се „смири“ оваа 2023 но не од „здрави“ причини

Најбрзиот сериски автомобил на светот е од понудата на Ford!