Трка на Давид и Голијат!

Abarth 595 Competizione, моќен градски тркач, застана „на линија“ со  Mercedes-Benz X  Class…

Mercedes-Benz X-Class сега е официјално надвор од производство. Луксузниот pick-up чија база беше Nissan Navarа за европскиот пазар никогаш не ги исполни очекувањата на пазарот, и иако тоа беше интересен експеримент за Германците, пазарот го има својот збор.

Додуша, тоа не спречи неколку тјунинг компании да ја претворат X-Class во чудовиште на патот, или барем во уште полуксузен pick-up.

Еден добар пример доаѓа во форма на ова ново видео од Daniel Abt на YouTube.

Во овој случај, на X350d му беше дадена дополнителна моќ за да му донесе поголемо задоволство на неговиот сопственик. 3.0-литарскиот дизел под хаубата испорачува 255 КС и 550 Nm вртежен момент испорачан на сите четири тркала.

Додуша, оваа модифицирана X-Class, сепак, има нешто повеќе од 320 КС и дури 730 Nm. Abarth 595 Competizione, од друга страна, произведува 180 КС и 250 Nm вртежен момент од 1,4 турбо бензинец. Кому кому му ја зеде мерката, проценете сами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toyota Land Cruiser LEGO во сооднос 1:1

Techart Porsche 911 Police

Електрична Lancia Delta Integrale настапува воWorld RX шампионатот

Hennessey го испорача првиот Venom F5  и тврди дека може да јури со 500 км/ч

BMW М GmbH во чест на јубилејот се враќа на стариот беџ

Porsche планира голем crossover со три реда седишта

Електричен Калашников UV 4

Lancia Aurelia Outlaw European CSL

Alpha Saga