Тркач на струја со 400km/h што со едно полнење на батерии поминува 1000km

Бурата што се крена околу електричниот спортски crossover моделот  Cybertruck, колку и да има позитивни, предизвика и негативни реакции, но во секој случај и помогна на компанијата Tesla да стане центар на вниманието во светот на автомобилската индустрија …

Илон Маск (Elon Musk) то го искористи за најава на еден единствен проект на неговата компанија Tesla Motors.

 

Станува збор за Tesla Roadster, ултра спортски автомобил со две седишта, со каросерија изработена од лесен, но ултра цврст композитен материјал.

Се разгледуваат, во моментов, две концепции на покрив што се преклопува, со електрично – хидрауличен механизам и на симнување и ставање.

 

Со два електромотори, за предните и за задните тркала, со вкупна инсталирана сила од 1900 kW и навистина тенковски максимален момент на вртење од 10.000 Nm, што се напојува од литиум јонски батерии со капацитет од  200 kWh, постигнува импресивни перформанси.

Така Тesla Roadster од 0 до 100 km/h ќе забрзува за нешто под две секунди, а ќе постигнува максимална брзина од 400 km/h.

Во однос на автономијата на возење со едно полнење на пакетот батерии од Компанијата најавуваат дури изминати 1000 km (секако со нормално возење согласно со сообраќајните прописи).

Цената на основната верзија (без доплатите) изнесува  200.000 американски долари.

Веќе сега се прифаќаат резервации за овој електричен ултра спортист, но тука постои и едно изненадување,  потенцијалниот купувач за резервација треба да уплати  50.000 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимен новиот Ford F-150 Raptor

Porsche Carrera GT во напуштен салон собира прашина!

Наспроти кризата со корона вирусот Peugeot најави враќање на пазарот во САД веќе 2023

Турција и официјално има најдолга велосипедска патека на светот

McLaren F1- денес вреди 16 милиони фунти

Audi RS7 Sportback  со 962 КС

Помал Tesla Cybertruck за Стариот континент

Се враќа Honda CR-Z

Audi ја повлече провокативната реклама со девојчето и бананата!