Тркачка верзија на Volkswagen ID.4

Електричниот Volkswagen ID.4 (прогласен за Светски автомобил на годината 2021 година пред само неколку дена), неодамна, исто така, доби своја тркачка верзија…

Поточно, овој темелно модифициран Volkswagen ID.4, подоцна во текот на овој месец ќе учествува на трката NORRA Mexican 1000 што се одржува на полуостровот Баја, а зад управувачот на електричниот „тркач“  ќе биде Танер Фуст (Tanner Foust).

Rhys Millen Racing се погрижи за модификациите на болидот, така што тркачкиот ID.4 има модифицирана суспензија (фокусирана на теренски off-road можности), 51 мм повисок растојание од земја, сет од 18-инчни OZ Racing тркала, Yokohama Geolandar A/T гуми, заштитни елементи, отвори на задните странични прозорци, соголена кабина, тркачки седишта, заштитен кафез, нови дисплеи …

Автомобилот располага со електричен мотор со моќност од 150 kW / 204 КС и 310 Nm максимален вртежен момент  како стандарден.

Инаку со едно полнење на пакетот литиум-јонски батерии, со капацитет од 82 kWh, може да помине 402 km.

Останува да почекаме безмалку еден месец и да видима како трачкиот VW ID.4 ќе се покажа на оваа трка.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ferrari F125 TDE?

Од Германија најавен EV болид побрз од Rimac C_Two

Спортски концепт Suzuki Misano by IED

Хипер автомобил Viritech Apricale со 1100 КС

Volkswagen под истрага поради прво-априлската шега Voltswagen

Возете паметно и заштедете повеќе

Уникатен блиндиран Porsche 911

Луксузниот Bentley на кралицата на Англија на аукција!

GTO Engineering Squalo инспириран од Ferrarijem 250 GTO