Тркачки Porsche

Прототипот 963 на Porsche е нов член на успешното семејство на „тркачи на долги патеки“, кое го сочинуваа моделите 917, 935, 956, 962 и 919, а својата премиера ќе ја има на патеката во јануари на 24 часа Дејтона…

Porscke го искористи Фестивалот за брзина во Гудвуд (Goodwood Festival of speed) за да го претстави својот нов тркачки прототип 963, со кој се враќа на една од најбрзите трки на издржливост во новата класа Хиперавтомобил ( Hypercar) / GTP од следната сезона.

Новоформираниот тим на Porsche Penska Motorsport ќе се натпреварува во шампионатите FIA WEC и IMSA со два автомобили кои одговараат на нормите на класата LMDh, а Porsche откри дека 963 ќе биде понуден на приватни тимови веќе следната сезона.

Зад шасијата на Porsche 963 стои добро познатата компанија Multimatic, а прототипот чиja каросерија е инспирирано од легендарното тркачко дуо од групата C (956/962) е придвижуван од 4,6-литарски битурбо V8 мотор базиран на моторот што го движел ултра спортскиот модел – Porsche 918 Hybrid.

„Во првата половина од оваа година 963 помина речиси 8.000 тест километри. На добар пат сме до зацртаните цели, но ни претстои уште многу работа пред почетокот на новата сезона во која нас нè очекува жестока конкуренција “, изјави Томас Лауденбах  (Thomas Laudenbach), вториот човек на Porsche Motorsport.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

GМ се враќа во Европа со понуда на електрични возила

Ferrari ќе произведува возбудливи EV

Подновен Chery Tiggo 5x

Ferruccio Lamborghini стана член на Автомобилската куќа на славни

Тesla со сопствена лента на граничен премин

Се подготвува наследник на Bugatti Chiron

Полицијата на Франција го обожава иноцскиот радар

Маск сака брзи сервиси за моделите на Tesla како тие во pit-stop на F1

Toyota ја разви новата Tundra анализирајќи ја таа што поминала милион милји