Тркачки симулатор на Asaton Martin за што чини колку BMW 5 или Mercedes E Class

Aston Martin и Curv Racing Simulators го претставија AMR-C01, тркачки симулатор од ограничена серија од 150 единици и почетна цена од над 67.000 евра (околу 75.000 американски долари)….

На чело на Curv Racing Simulators е  Дарен Тарнер (Darren Turner), експерт за симулации и професионален возач на трки, кој во моментов е на списокот на возачи на Aston Martin.

Тарнер го искористи своето знаење од светот на вистинските трки за да го направи AMR-C01 што е можно поблизу до реалноста.

Еден oд примерите е дека AMR-C01 користи самостојна структура изработена од јаглеродни влакна, а положбата на седење е иста како и во Aston Martin Valkyirie.

Дополнително, Aston Martin AMR-C01 доаѓа со најновата верзија на „Assetto Corsa“, многу популарен симулатор на трки што го користат самите професионални тркачи за обука.

Покрај тоа Aston Martin и Curv Racing Simulators тврдат дека AMR-C01 е само првиот производ од нивната соработка, што може да значи повеќе нови симулатори.

Испораките на AMR-C01 започнуваат подоцна оваа година.

Се разбира, во исто време, треба да започнат испораките на Aston Martin Valkyrie, во случај испораките на овие хипер автомобили да не се одложат повторно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

210 години PEUGEOT! Години исполнети со емоции, индивидуалност и иновации

Hyundai до 2028 на пазарот ќе исфрли автомобили што летаат!

Ferrari Omologata уникат направен врз основа на 812 Superfast

Bugatti со хипер „тркач“ на струја!

Босанскиот Tesla Cybertrack направен во Мостар, но нема електричен погон

McLaren Senna GTR LM уште посупериорни изведба на “спортистот“

Видео Најголемиот pick-up на светот

Cupra и Abt Sportsline во поход на Extreme E шампионатот

Vanderhall најави своја прва креација на четири тркала  – моделот Navarro