Целта на Jeep е  да биде „нај зелениот“ SUV бренд до 2022 година

Од Jeep  најавија дека нивната понуда до 2022 година ќе биде целосно електрична или пак хибридна, изјавил, помеѓу другото, глобалниот шеф на марката…

Тоа е тврдење со голема тежина и значење, но Jeep е убеден дека може да стане „најзелениот SUV бренд во светот“ до 2022 година, со електрифицирање на сите модели во својата понуда.

Тоа го потврди Кристијан Меуниер, глобалниот претседател на Jeep.

Со оглед на тоа што марката во моментов е позната по агрегат си со осум и со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква V, има навистина многу работа за да се заработи ознаката „најзелена SUV марка“.

Според Меуниеr, сите модели ќе добијат plug-in хибридна или батериско електрична технологија до наведената 2022 година.

Електричната поддршка секако ќе ги направи почисти и по прифатливи за животната средина, но исто така и по економични во поглед на потрошувачката на горивото.

„Бевме навистина силен бренд, но веруваме дека идните Jeep модели ќе бидат најдобри досега. Така во 2009-та година на глобалниот пазар продадовме 300.000 единици, а таа бројка порасна на повеќе од 1,5 милиони денес,“ изјави покрај другото Меуниеr.

Од сето тоа произлегува дека еден од водечките менаџери во Jeep верува дека електрификацијата на моделите ќе помогне да продолжи растот на продажбата.

Ние му посакуваме на Jeep да ги оствари поставените планови во однос на еколошкиот аспект и да продолжи со раст и експанзија на светскиот пазар на возила…

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео: најава за новите BMW M3 и M4

VW ID.3 најпродаван модел во првата половина на септември во Норвешка!

Dacia најави SUV со 7 седишта за 2021

„Сензационален трансфер“- Rimac станува сопственик на Bugatti

Шпионски фотографии на хибриден McLaren од спортската серија

Tesla во еден ден загуби 80 милијарди долари од својата вредност!

Миризбата на новиот автомобил повеќе нема да биде негова одлика!

Во Франција објавени цените за новиот Citroen C4

Suzuki Jimny најде начин да се врати во Европа како Jimny Van