Цената на бензините одат долу, на дизелот расте

Во својата најнова одлука Регулаторната комисија за енергетика ги утврди малопродажни цени за бензинот и дизелот во нашата земја што ќе бидат на сила во наредниот период од седум дена…

Во согласност со методологијата за утврдување на малопродажните цени на горивата во нашата земја, Регулаторната комисија одлучи да интервенира во цените.

Според најновата одлука на РКЕ, горивата во просек поскапуваат за 0,40 проценти во однос на цените од претходните  седум дена .

Тоа значи дека од ноќеска на полноќ цените на бензините Еуросупер БС-98 и Еуросупер БС-95 се намалуваат за еден денар по литар, додека пак од друга страна цената на Еуродизелот се зголемува за еден денар.

Всушност во следната недела еден литар Еуросупер БС-95 ќе се точи за 72 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 74 денари, додека пак Еуродизелот ќе чини  63 денари по литар гориво.

Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување само кај бензините за 3,175 проценти, додека кај дизелот е забележано зголемување од 1,873 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Lada во Октомври ја зголеми продажбата во Европа!

Tesla отповикува 7600 возила во САД

Renault Sport го затвора профилот на социјалните мрежи!

Audi e-tron GT прогласен за најубав автомобил на годината

Се интензивира производството на EV во Индија

Volkswagen ќе учествува во најголемиот и најбрз циркус на тркала F1

KIA со рекорден пазарен удел во Европа и најдобар трет квартал во сторијата

Од Polestar со најава за три електрични автомобили до 2024 година

Ford Bronco можеби и на пазарите на Стариот континент